Достапни линкови

Охрид повторно доби кино


По 20 годишна пауза Охриѓани повторно имаат можност да уживаат во филмски проекции во градската кино сала.

По околу две децениска пауза со речиси замрена филмска програма, конечно се врати редовниот филмски репертоар во Охридското кино, што триесет години постои во Центарот за култура "Григор Прличев" како дел од неговите мултикултурни активности. Вљубениците во филмот велат дека сега со билет од 100 денари домашното кино го менуваат со феноменот на групно гледање филмови што ги забавува, едуцира и поттикнува на дискусии во пасивниот вонсезонски период кога културната понуда во Охрид е доста ограничена.
Оваа година ново е тоа што имаме ново проекционо платно, со кое го заменивме старото, а го набавивме со поддршка на министерството за културa


,,Оваа година ново е тоа што имаме ново проекционо платно, со кое го заменивме старото, а го набавивме со поддршка на министерството за култура. За следната година планираме да се осовремениме повторно во
Охриѓани повторно имат можност да уживаат во филмските кино проекции
техниката, со нов кино проектор, што е многу скапа инвестиција, но неопходна ако сакаме да одиме напред, доколку нудиме поквалитетна програма, мораме и техички да се осовременуваме."

Вели Драгана Боцеска, директорка на Охридскиот Центар за култура, каде публиката може да го види филмот "Мајки" на Милчо Манчевски, веднаш по фестивалот Манаки, ревијата на Руски филмови како и други извонредни филмови од најновата Македонска, Европска и светска продукција.

,,Кино салата во Охрид има повеќе од 500 седишта. Во денешни услови, многу тешко е да се наполни една таква кино сала. Второ, треба да се вложат средства во осовременување на техниката за прикажување филмови, од озвучување, преку кино апаратура, што барем ќе ги проектира филмовите на 35 милиметарска лента, иако тоа е веќе надминато во светски рамки. Предлагам да одиме чекор по чекор, да го замениме она што е старо 20 и повеќе години, најнапред да имаме добар звук и убава слика, а потоа еден ден да добиеме и кино во тридимензионална техника, какво што нема сеуште во Македонија, а има во соседните земји, и одамна во светот."
Е да, во 21 век Охрид повторно доби кино. Секако по една толку долга пауза, ќе треба време да се врати и едуцира публиката. Би било добро да се работи на квалитетот на филмскиот избор, со повеќе ревии и фестивали. Она што ми остави впечаток на премиерата на за мене преквалитетниот "Мајки" на Манчевски


Вели страстниот филмофил и критичар од Охрид Ѓоко Симјановски, кој е радосен што избрканата публика се врати во кино салата, со што според него се задоволува потребата од духовна храна со филмувани животни приказни, интересни акции, документарци, критики на системот, државата и животот, со што кај луѓето се развива потреба од дискусии, коменатари и читање на пораките кои го движат мозокот и светот.

,,Е да, во 21 век Охрид повторно доби кино. Секако по една толку долга пауза, ќе треба време да се врати и едуцира публиката. Би било добро да се работи на квалитетот на филмскиот избор, со повеќе ревии и фестивали. Она што ми остави впечаток на премиерата на за мене преквалитетниот "Мајки" на Манчевски, загрижувачки беше преслабиот аплауз од публиката, неумесните коментари и реакции и постојаното ѕвонење на мобилните телефони. Добра страна е што салата во киното сега е затоплена. Ова малку иронично го кажувам, бидејќи ги паметам времињата кога на филмските плакати во Охрид, од време на време осамнуваше и натпис "Салата е затоплена". "

Вели Охриѓанка, вљубеник во филмот и кино проекциите. Жителите на Охрид кои го паметат старото градско кино што функционираше во минатиот век, сакаат во градот да има помали кино сали кои ќе се полнат според светските стандарди и да им се врати задоволството за гледање филм на отворено во култното кино "Бавча" до сегашното Охридско Лето, за што има повеќе проекти за осмислување на овој запуштен простор во центарот на градот. До тогаш сите сакаат да го видат четвртото издание на Фестивалот на францускиот филм, кој на Охрид му донесе светски шарм пред почетокот на летната сезона, со познати актерски и режисерски ѕвезди чија судбина зависи од организаторите и поддршката на државата и општината.
XS
SM
MD
LG