Достапни линкови

Ваши коментари


Поделени ставови меѓу нашите слушатели за новото прашање во рубриката Хајд Парк за тоа дали треба да се оддржи геј парада во Македонија?

Дека сме конзервативни како народ, веројатно на сите ни е јасно, почитувани. А, пак, дека сме серџии од прва класа, без лутење за ова, сега ми е уште појасно. Во нашиот Хајд Парк имаме ново, овојпат, малку скокотливо прашање за нашите уши: Дали во Македонија може да се одржи геј-парада и што мислите за хомосексуалноста? Нашиот редовен слушател и испраќач на пораки Миле од Охрид прв го испратил својот коментар-желба: ,,Да, треба да се одржи парада, зошто да не? Доста се кријат, нека излезат на улица да парадираат,па да гледаме сеир,, - напишал Миле.
Нему му одговорил Зоран од Скопје, цитирам: ,,Од такви сеирџии, како Вас, Миле, нема дерман во оваа држава. Јас имам пријател хомосексуалец и бољи човек од него нема,,. Мула Насрудин од Планетата Земја не верува дека пријателот на Зоран е добар човек затоа што е пешкир,, -како што вели, и смета дека само оние кои се несигурни во себе се обидуваат да го прикријат тоа со маскирање или со јавно нагласување на својата различност. ,,Да требаше ова да се разбира како нешто нормално, жители на Рајската Градина ќе беа Адам и Зоран, а не Адам и Ева,, - ја завршува пораката Мула Насрудин.



Снежана од Скопје ја побива аналогијата со Рајската Градина, па потсетува со своја верзија на приказната дека Адам и Ева имале двајца синови и дека светот настанал со инцест, т.е. дека едниот од синовите го убил Адама за да спие со Ева.
Слушател од Скопје кој се потпишал со ,,Не разбирам,, не му е јасно зошто хомосексуалците сакаат јавно да зборуваат за својата сексуална ориентација. Тој смета дека сексуалноста е приватна- интимна работа и е против јавното манифестирање. ,,Норми, господа и дами, човечки норми ни се потребни,, го завршува својот коментар тој што ништо ,,не разбира,,.
,,Еден битолчанец е во дилема. ,,Не треба да има,, - пишува, ,,ама, гледам на повеќе места низ светот каде што сум бил ги има во изобилство...,, и, продолжува со типичното македонско: ,,Ама, тоа, ги имам и во комшии, шо да се праи...,, Нашиот, исто така, редовен слушател и испраќач на пораки, С и Дупло В од Скопје, прави подолга анализа на прашањето за геј-парадите и хомосексуалноста. ,,Во едно демократско општество, ако е демократско, би требало да се дозволи и такво нешто, па дури и закон за права на хомосексуалците.,,.
Нашиот слушател, дури, не е и против еднополни бракови, но се противи на закон со кој би им се дозволило посвојување и одгледување деца. С и В смета дека не треба само да се гледа сеир, туку подлабоко да се размисли и да се анализира. ,,Ако не сме подготвени да излеземе со некои права за тие личности, но и со ригорозни закони, подобро е да не се обидуваме да правиме нешто, затоа што на крај, од се' поминато, ќе останат само проблеми кои ќе мора да се решаваат. А за решавање на каков и да е проблем во оваа држава, ние едноставно немаме ниту сила, ниту капацитет,, смета С и В од Скопје.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG