Достапни линкови

Ѓукановиќ во Македонија


Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ
Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ

Јакнење на односите, регионалната соработка и соработка во евроатлантските процеси, теми на разговори меѓу црногорскиот премиер Ѓукановиќ и македонскиот државен врв.

Промовирање поблиски односи, регионална соработка и соработка во евроатланските амбиции се темите за кои ќе разговараат денеска во Скопје црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и претседателот Иванов и премиерот Груевски. Црна Гора како нова независна држава јасно ги декларираше своите евроатлански амбиции како и Македонија. И двете земји се сериозно потпрени на поддршката на САД. Во пакет го усвоија признавањето на Косово. Соработката треба да се одвива таму каде што ние може да ги покажеме своите капцитети,
Соработката може да се одвива и ќе треба да се одвива таму каде што Македонија може да ги покаже своите капацитети, пред се на воен план, каде што Македонија во поглед на реформите е далеку понапред од Црна Гора
нагласуваат аналитичарите:

,,Соработката може да се одвива и ќе треба да се одвива таму каде што Македонија може да ги покаже своите капацитети, пред се на воен план, каде што Македонија во поглед на реформите е далеку понапред од Црна Гора и тоа е местото каде што може да се најде. Во останатиот т.н. цивилен дел од НАТО интеграциите, Македонија нема што веќе да покаже."

вели Ѓунер Исмаил. Незаобиколна тема на разговирите ќе биде и економската соработка. Трговската размена меќу Македонија и Црна Гора се одвива во рамки на Договорот за слободна трговија. Трговијата меѓу двете земји е целосно либерализирана и не ја оптоваруваат посебни проблеми освен тешкотиите во транспортната достапност на двата пазари. Освен соработката во туризмот која е некаква традиционална релација засега нема поголема соработка во економијата. Според експерите можноста од поинтензивни релации лежи во инфраструктурното јакнење на Албанија:

,,Освен на туристичко ниво неможам да видам каде сега би можела да се случува, освен ако во иднина забрзаното инфраструктурно јакнење на Албанија не ги ослободи подиректните трансвензали кон Црна Гора преку Албанија за да може црногорските пристаништа да бидат достапни за македонските фирми. Тоа е местото каде што Македонија и Црна Гора можат да се најдат."

Засега транзитирањето преку Косово во услови на постојната патна и царинска инфраструктура го прави трнаспортот бавен, а со тоа и ризичен за лесно расипливи стоки, но исто така има свое влијание и врз патничкиот транспорт во време на туристичката сезона.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG