Достапни линкови

Ватле - Азилантите ќе бидат вратени


По новиот бран азиланти во Белгија, белгискиот државен секретар за азил Мелкиор Ватле порача дека сите ќе бидат вратени.

Да им се објасни на азилантите, односно на лажните азиланти дека нема да добијат никаков статус на бегалци и сите ќе бидат вратени назад од Белгија по завршувањето на дозволениот престој. Ова го побара белгискиот државен секретар за буџет, азил и миграција Мелкиор Ватле на средбата со министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајарми. Засега безвизниот режим за граѓаните на Македонија нема да биде загрозен поради забелешката која ја пренесе Ватле дека по влегувањето во Белгија со биометриски пасош последниот месец имало зголемување на бројот на лица кои побарале азил, но истакна дека треба што поскоро да се надмине проблемот:
Од почетокот на овој месец се соочивме повторно со ново зголемување во Белгија и во други земји членки на ЕУ и затоа дојдовме за да се превенира оваа појава колку што може побргу, зошто жртви на оваа истата се луѓето кои ќе дојдат и ќе си ги потрошат парите поради погрешно добиени информации.


„Од почетокот на овој месец се соочивме повторно со ново зголемување во Белгија и во други земји членки на ЕУ и затоа дојдовме за да се превенира оваа појава колку што може побргу, зошто жртви на оваа истата се луѓето кои ќе дојдат и ќе си ги потрошат парите поради погрешно добиени информации. Немојте да бидете под влијание на одредени лица и индивидуи што ќе ве убедуваат дека може да се замине и да се остане во земјите од ЕУ не им верувјте“, истакна белгискиот државен секретар кој денеска ја посети и општината Шутка.


Спречување нов бран мигранти од земјава, Ватле побара и од градоначалникот на Куманово од кој побара да се надмине појавата на економски азиланти од кумановско и липковско.

Министерот за труд и социјална политика Џељал Бајарми кажа дека во наредниот период со заедничко делување ќе се работи врз спречување, ќе се реагира и превентивно и на граѓаните ќе им се објаснува дека нема да добијат никаков азил:

„Ќе спроведеме една поагресивна кампања за тоа што точно се подразбира под визната либерализација и информирање на граѓаните дека нивните шанси за добивање политички или економски азил се еднакви на нула, единствено тие ќе се изложуваат на сопствен трошок, впрочем како што беа вратени и останатите граѓани кои на таков чекор се одлучија на почетокот на годината.“

Државниот секретар на Белгија е по втор пат во Македонија. По влегувањето во Белгија со биометриски пасош во јули и август 210 лица побарале азил. Белгиските медиуми јавија дека месецов се очекувале 500 нови азиланти од Македонија, од југот на Србија и од Косово.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG