Анкетната комисија која треба да работи на расветлување на инцидентот во Собранието никако да одржи координативна средба, а крајниот рок за донесување на заклучокот е 26 октомври. Претседателот , Хајрула Мисини и членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ се недостапни за коментар. Соња Мираковска од НСДП и член на комисијата вели оти добила неофицијален одговор од претседателот дека овие два дена Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ побарала да немаат средба поради обврски во законодавно-правната комисија.
„Мислам дека многу се доцни, ќе имаме многу малку време и нема шанси да завршиме во рокот кој што повторно ни беше даден. Затоа што едно е работата што треба да ја завршиме како анкетирање, а после треба да се направат заклучоците и извештајот.“
Менде Диневски од СДСМ вели дека тој воопшто не добил покана дека деновиве ќе има или требало да има средба на анкетната комисија.
„Секојдневно сме во Собранието, ги имаме одложено сите активности, со единствена цел да сме тука во Собранието, да можеме да дадеме допринос и конечно да ја завршиме работата.“
Диневски додава дека секогаш кога биле поканети, тие земале учество и се согласни дел од нивните пратеници кои треба да бидат анкетирани да се повлечат за работата да заврши во дадениот рок, вели тој.
„Ние во целиот процес влеговме со крајна сериозност почнувајќи од првиот ден до денес, во ниту еден момент не ја доведовме во прашање работата на Комисијата со една единствена цел да не се доведеме во ситуација дека ние сме тие што сакаат да ја опструираат работата на Комисијата.“
Според поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов, од досега формирани околу пет анкетни комисии само една ја завршила работата.
„Повеќе имало. Работата си ја заврши со донесени заклучоци, само Анкетната комисија за физичката пресметка во Собранието во 2007 година.“
Професор Здравко Савевски вели дека, ако комисијата не донесе заклучок, тоа негативно ќе се одрази во извештајот на Европската комисија. Според него, политичките партии треба да ја спуштат топката и да ги уважат аргументите на другата страна.
„Треба малку пообјективно да се гледа тој настан во потолерантна атмосфера да го прават тоа бидејќи директно зависи оваа работа на Анкетната комисија за извештајот на ЕК.“
Причините за неодржувањето на средбите на пратениците, според експертите, може да бидат поради обврски, но во никој случај не треба да се стават интересите на партијата пред интересите на државата.
Мислам дека многу се доцни, ќе имаме многу малку време и нема шанси да завршиме во рокот кој што повторно ни беше даден. Затоа што едно е работата што треба да ја завршиме како анкетирање, а после треба да се направат заклучоците и извештајот.
„Мислам дека многу се доцни, ќе имаме многу малку време и нема шанси да завршиме во рокот кој што повторно ни беше даден. Затоа што едно е работата што треба да ја завршиме како анкетирање, а после треба да се направат заклучоците и извештајот.“
Менде Диневски од СДСМ вели дека тој воопшто не добил покана дека деновиве ќе има или требало да има средба на анкетната комисија.
„Секојдневно сме во Собранието, ги имаме одложено сите активности, со единствена цел да сме тука во Собранието, да можеме да дадеме допринос и конечно да ја завршиме работата.“
Диневски додава дека секогаш кога биле поканети, тие земале учество и се согласни дел од нивните пратеници кои треба да бидат анкетирани да се повлечат за работата да заврши во дадениот рок, вели тој.
„Ние во целиот процес влеговме со крајна сериозност почнувајќи од првиот ден до денес, во ниту еден момент не ја доведовме во прашање работата на Комисијата со една единствена цел да не се доведеме во ситуација дека ние сме тие што сакаат да ја опструираат работата на Комисијата.“
Треба малку пообјективно да се гледа тој настан во потолерантна
атмосфера.