Достапни линкови

Развивање на занаетчиството


Занаетчиството има потенцијал за уште поголем развој
Занаетчиството има потенцијал за уште поголем развој

Со трибини организирани од Занаетчиската комора ќе се едуцираат регионалните занаетчии како да дојдат до европските пари наменети за оваа стопанска гранка.

Нелојалната конкуренција е главната мака на велешките занаетчии. Во месецот кој им е посветен ним тие велат дека има многу нерегистрирани занаетчии кои работат на диво. Според председателот на Регионалното здружение Златко Леов тоа мора да се спречи оти инаку им се заканува пропаст на леганите колеги.
Во нелојални услови на работење тие имаат доста проблеми. Ние се обидуваме таа појава да ја сузбиеме и во иднина ќе вршиме дирекни пријави до пазарните инспекции за оние лица кои обавуваат занаети дома, бидејќи знаеме дека има добри услови за развој на занаетчиството


„Во нелојални услови на работење тие имаат доста проблеми. Ние се обидуваме таа појава да ја сузбиеме и во иднина ќе вршиме дирекни пријави до пазарните инспекции за оние лица кои обавуваат занаети дома, бидејќи знаеме дека има добри услови за развој на занаетчиството.“

вели Леов. Проблемот со нелегалните занаетчии е познат и за локалната власт. Градоначалникот Горан Петров вели дека општината заедно со инспекциските служби ќе помогне да се надмине овој проблем.

„Тука пред се е трудовата и пазарната инспекција, комуналната инспекција може од друг аспект да го регулира работењето, но без оглед на се општината сите свои надлежности ќе ги спроведува во однос на тоа да се стекнат услови за законско работење. Во однос на тоа што секретарот го кажа дака дивата односно сивата економија треба да се се сузбие тука има целосна подршка од Општината“

рече градоначалникот Петров. Октомври е месец посветен на занаетчиите. Со трибини организирани од Занаетчиската комора ќе се едуцираат регионалните занаетчии како да дојдат до европските пари наменети за оваа стопанска гранка. Според локалната власт токму занаетчиството претставува мал бизнис кој може многу да придонесе во развој на градот. Затоа и таа ќе се вклучи во реализирање на заеднички проекти. Занаетчиите се задоволни од соработката, но велат дека сепак ќе мора прво да се реши прашањето со нелојалната конкуренција, а потоа тие да се развиваат.

Видео: Старите занаети изумираат и во Скопје

Скопска чаршија - стари занаети
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00
XS
SM
MD
LG