Достапни линкови

Конгрес за исламската цивилизација на Балканот


Скопје
Скопје

Тоа што денеска е Македонија, утре ќе биде Европа која сеуште е во потрага по соживотот, порача од Конференцијата претседателот Иванов.

Во Македонија владее соживот меѓу христијанството и исламот и тоа може да се види речиси на секој чекор, иако во минатото имало обиди тоа да се наруши, но граѓаните благодарение на богатата историја на регионот научија да го почиуваат и прифатат другиот и за разлика од Европа да бидат толерантни кон другите етнички заедници. Ова го порача претседателот Ѓорѓе Иванов на воведниот збор на отварањето на четвртиот меѓународен конгрес исламската цивилизација на Балканот кој го организира Македонската академија на науките и уметностите и Центарот за истражување на исламската историја, уметност и култура од Истанбул.
Европа сеуште го бара својот пат да дојде до тоа, Европа сеуште се соочува со нетрпеливоста кон странците, кон другите религии, кон другите етнички групи. Европа е во потрага кон нешто што ние веќе го имаме


,,Европа сеуште го бара својот пат да дојде до тоа, Европа сеуште се соочува со нетрпеливоста кон странците, кон другите религии, кон другите етнички групи. Европа е во потрага кон нешто што ние веќе го имаме, затоа што тоа што денеска е Македонија, тоа е утре Европа."

Халид Ерен еден од основачите на конференцијата вели дека на конгресот за прв пат се материјализира соработката меѓу 57 земји членки на центарот и Македонија.

,,Ја рефлектира основната потреба на двете инволвирани страни, а тоа е да го истакнат наследството и историјата на исламската религија не само во Македонија туку и на Балканот."

Според генералниот секретар на конгресот дека важноста на ваквите настани е во тоа Европа да стане свесна за
Важноста на овој конгрес е во тоа дека фактите за историјата на исламската религија на Балканот допрва ќе треба да се допишуваат и неговиот придонес во овој дел на светот се уште треба да се истражува
присутноста на исламската религија и да ја прифати.

,,Би сакал да истакнам дека важноста на овој конгрес е во тоа дека фактите за историјата на исламската религија на Балканот допрва ќе треба да се допишуваат и неговиот придонес во овој дел на светот се уште треба да се истражува, како и бенефитот од него и со тоа да се зголеми знааењето за исламот и неговата улога во светската историја."

Претседателот на МАНУ академик Ѓорѓи Старделов порача дека сите нации треба да се водат од една единствена и заедничката вистина, а тоа е дека мирот не е можен без мир меѓу религите, кој се постигнува само преку дијалог и разбирање. Реизот на исламската верска заедница во земјава, Сулејман Реџепи пак истакна дека треба да се работи на толеранцијата меѓу заедниците за постигнување на нови вредности.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG