Достапни линкови

Конгрес за исламската цивилизација на Балканот


Скопје домаќина на меѓународниот конгрес за исламскта цивилизација на Балканот
Скопје домаќина на меѓународниот конгрес за исламскта цивилизација на Балканот

Мирот не е можен без разбирање, порака од меѓународниот конгрес на тема ,,Исламската цивилизација на Балканот".

Во Македонската Академија на Науките и уметностите денеска започна четвртиот меѓународен конгрес на тема ,,Исламската цивилизација на Балканот" на кој учествуваат околу 110 претставници од 20 држави. Претседателот на МАНУ академик Ѓорѓи Старделов кој го отвори конгресот вели дека сите нации треба да се водат од една единствена и заедничката вистина која треба да биде и мото на нивната дебата.

,,Мирот не е можен без разбирање."
Ја рефлектира основната потреба на двете инволвирани страни, а тоа е да го истакнат наследството и историјата на исламската религија не само во Македонија туку и на Балканот


Во Македонија владее соживот меѓу христијанството и исламот и тоа може да се види речиси на секој чекор, иако во минатото имало обиди тоа да се наруши, но граѓаните благодарение на богатата историја на регионот научија да го почиуваат и прифатат другиот и за разлика од Европа да бидат толерантни кон другите етнички заедници. Ова го порача претседателот Ѓорѓе Иванов на воведниот збор на отварањето на четвртиот меѓународен конгрес исламската цивилизација на балканот кој го организира Македонската академија на науките и уметностите и Центарот за истражување на исламската историја, уметност и култура од Истамбул.

Претседателот на центарот за истражување на исламската историја, уметност и култура Хавид Ерем вели дека на конгресот за прв пат се материјализира соработкатаа меѓу 57 земји членки на центарот и Македонија.

,,Ја рефлектира основната потреба на двете инволвирани страни, а тоа е да го истакнат наследството и историјата на исламската религија не само во Македонија туку и на Балканот."

Според генералниот секретар на конгресот дека важноста на ваквите настани е во тоа Европа да стане свесна за присутноста на исламската религија и да ја прифати.

„Би сакал да истакнам дека важноста на овој конгрес е во тоа дека фактите за историјата на исламската религија на Балканот допрва ќе треба да се допишуваат и неговиот придонес во овој дел на светот се уште треба да се истражува, како и бенефитот од него и со тоа да се зголеми знааењето за исламот и неговата улога во светската историја“


Реизот на исламската верска заедница во земјава, Сулејман Реџепи вели дека во Македонија исламската и христијанската цивилизација во многу аспекти се сплотени и доколку постои љубов, толеранција и почитување меѓу луѓето тие ќе допринесат за креирање на нови вредности.

,,Средината во која што живееме ќе биде надополнета и разубавена, кога сите заеднички би се прифаќале со сите вредности, духовни и
Мирот не е можен без разбирање
материјални."

Покровителот на настанот претседателот Ѓорѓе Иванов меѓудругото истакна дека Европа се соочува со нетрпеливост кон странците и другите религии и таа е во потрага по она што ние веќе го имаме а тоа е толеранцијата и соживотот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG