Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници, печат...
Весници, магазини, неделници, печат...

Казната за А1ТВ, најавениот протест на СДСМ во Прилеп, зголемувањето на тужбите на македонските граѓани пред судот во Стразбур, теми во дневните весници.

Интересна појава се случува во нашите пишани, како, впрочем, и во електронските медиуми. Вечер, инаку близок до актуелната Влада, пет изминати дена на насловната страница се занимава со опозиционата СДСМ, со нејзиниот лидер Бранко Црвенковски и со неговата наводна дружба со газдата на А1ТВ, Велија Рамковски: „Велија со нов долг кај Бранко“ и „СДСМ го спаси Велија од тримесечно затворање на телевизијата“, во врска со одлуката на Советот за радиодифузија да ја казни телевизијата; „СДСМ почна и јавно да ја брани А1ТВ - Велија се гаси, Бранко го пали“; „Лидерот на СДСМ и' порача на Црквата: Не се мешај во македонските
Вечер: „Лидерот на СДСМ и' порача на Црквата: Не се мешај во македонските
работи“.
работи“; „Ќе се убијам ако СДСМ продолжи со емитувањето на спотот - потресна исповед на струмичаните кои СДСМ ги злоупотреби за пропагандни цели“; „Црни Бранко со уште поцрни сценарија - тимот од црните спотови: Велија, Бранко и Соросоидите во нова акција“ - ова се дел од насловите во Вечер во изминативе пет дена.

Од друга страна, Време, чиј, пак, сопственик е Велија Рамковски, чии што медиуми сега се блиски до опозиционата СДСМ, се препукува со власта: „Алармантни резултати за состојбата со слободата на говор - граѓаните се плашат да отворат уста против власта„; „Се збива стројот на бунтовници и востаници - по СДСМ и партијата на Бошковски најави протестен собир“ - „Градоначалникот на Прилеп издал дозвола за собирот на СДСМ на 11 Октомври“;

Дел од антивладиниот спот што се емитува на дел од македонските телевизии

„Оценувањето заврши, известувачите ги ставаат критиките на хартија - земјите од регионот засилено одат напред и прашање на време е кога тие ќе не престигнат“, пред прстојниот извештај на ЕУ за Македонија, се некои од насловите во Време.

Нова Македонија го критикува евроамбасадорот Фуере и другите странски претставници во земјава дека премногу се мешаат во нашите внатрешни работи, особено околу проблемот со името и со идентитетот, со наслов „Кој работи 24/7? Груевски или Фуере?“. Истиов весник му забележува на министерот за образование што им дозволува на основците да учат од
Нова Македонија: „Кој работи 24/7? Груевски или
Фуере?“
уште некои спорни учебници во кои супервизорите откриле низа грешки и во нив. „Судот во Стразбур“ е претрупан со предмети во кои граѓаните ја тужат Република Македонија, објавува Нова Македонија.

Утрински констатира дека „Македонија безмилосно ја троши водата за пиење“, како и тоа дека прилепската приватна телевизија барала надомест од 200 евра за настапот на Црвенковски и дека министерот „Коњановски бара прием во НАТО со референцата“.

Во истовреме, А1ТВ објави интервју на својата дописничка од Брисел со генсекот на НАТО, Расмусен, во кое тој децидно објаснува дека ни во НАТО не може да се оди без решение на проблемот со Грција.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG