Достапни линкови

БиХ пред општи избори


В недела граѓаните на Босна и Херцеговина ќе гласаат на седмите општи демократски избори од 1990 година. Станува збор за обемни избори со оглед на тоа што ќе се гласа за парламентите на Федерацијата и на Република Српска, за десетте ентитетски собранија, како и за членови на колективното босанско претседателство и за претседател и потпретседатели на Република Српска.

Предизборната кампања за октомвриските избори во Босна и Херцеговина, според оценката на невладините организации, била исклучително нечиста.

Повеќето партии имале исклучително напаѓачки кампањи кон своите противници, а биле интензивирани и слоганите со изразен националистички предзнак.

Како пример за тоа се посочува и митингот во Бијелина на Сојузот на независните социјалдемократи на премиерот на Република Српска Милорад Додик кој изјави:

,,Ние имаме своја национална политика. Нашата национална политика се одразува во она што е договорено. Република Српска засекогаш, а Босна додека мора. Наш главен град е Бања Лука, а наш национален главен град е Белград.,,

Како потврда за ова, според аналитичарите, беше и специјалната гостинка на митингот фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ која настапуваше на истото место од кое пред 18 години нејзиниот сопруг Аркан тргна во како што најави, собирање на оружјето од бошњаците во Бјелина. Тоа беше еден од првите злосторства во војната во Босна.
Политиката сепак, во оваа држава е најплатена работа за најмалку вложен труд. Единствено за што нашите политичари постигнуваа консензус и тоа во 22 секунди е кога се зборуваше за зголемувањето на нивните плати. За сите други прашања не постои консензус.


Најновите анкети покажуваат дека, скоро 90 насто од граѓаните на Босна и Херцеговина не варуваат дека државата оди во вистински правец и се незадоволни од она што властите го направиле за намалување на невработеноста, криминалот и корупцијата.

Според нив, политичарите мислат само на својата заработувачка. Дека политиката е најисплатлива работа покажуваат и имотните картони на политичарите кои мораа да ги предадат на Централната изборна комисија за да можат да се кандидираат за некоја функција.
Повеќето од нив имаат и куќа и стан, викендичка на море и автомобил вреден над 20 илјади конвертибилни марки. Тука се и годишните приходи од стотина илјади марки.

,,Со голо око се гледа дека кога ќе влезете во собрание, парламент или некое друго законодавно тело, вие за 4 години ги остварувате своите животни соништа. Доволен е еден или два мандата. Да не зборувам за тоа дека по два мандата имате право на бенефицирана пензија со многу малку работен стаж.,,

Вели Емир Ѓекиќ од Транспаренси интернешнал, кој додава:

,,Политиката сепак, во оваа држава е најплатена работа за најмалку вложен труд. Единствено за што нашите политичари постигнуваа консензус и тоа во 22 секунди е кога се зборуваше за зголемувањето на нивните плати. За сите други прашања не постои консензус.,,

Имотните картони годинава, според Санел Хускиќ од невладината организација АЦИПС, сигурно ќе влијаат врз резултатите на изборите.

,,Луѓето кои извршуваат различни политички функции во оваа земја се истите луѓе уште од 1996 година. Тоа е добар индикатор дека е исплатливо да се биде политичар. Мислам дека граѓаните ќе решаваат врз основа и на имотните картони. Некои од нив се навистина застрашувачки.,,

Во Босна и Херцеговина се регистрирани над 3 милиони и 120 илјади гласачи кои ќе можат да се изјаснат за 8 илјади 730 кандидати кои претставуваат 39 политички партии и единаесет коалици.

На ниво на Федерацијата граѓаните ќе бираат тројца членови на Претседателството и пратеници за Претставничкиот дом на парламентот, како и пратеници за 10 те национални кантони.

Во Република Српска ќе се избираат претседател и двајца потпретседатели, како и 83 пратеници во Народното собрание.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG