Достапни линкови

Македонија последна кон ЕУ?


Македонија останува последна во друштво на Босна и Косово?
Македонија останува последна во друштво на Босна и Косово?

Земјите од регионот успешно ги решаваат проблемите преку компромисни решенија и веќе ,,грабаат" кон европското семејство. Македонија останува последна во регионот?

На неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на Европската унија беше поздравена резолуцијата на Србија за Косово и тие предложија нашиот северен сосед да биде награден за искажаната приврзаност кон оставрување на интеграциите. Европската комисија ги оцени и како чекор во добар правец резултатите од референдумот за уставните измени во Турција. Во истовреме на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на сите средби во Брисел му беше укажано дека без решение за спорот со
Во секој случај сето ова ќе има позитивно влијание врз Балканот затоа што онака овој регион тешко се доближува од оние стандарди на поведение коишто се карактеристични за Западна Европа. Имено решавање на проблемите преку компромисни решенија и чекорење кон поблиска асоцијација на ЕУ
името меѓу Грција и Македонија барањето за членство во Унијата е невозможно. За експертите и партиите ваквите придвижувања на соседите кон европското семејство се позитивни за иднината на целиот регион. Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека остварувањето на европските стандарди значат и доближување до вратите на Унијата.

,,Во секој случај сето ова ќе има позитивно влијание врз Балканот затоа што онака овој регион тешко се доближува од оние стандарди на поведение коишто се карактеристични за Западна Европа. Имено решавање на проблемите преку компромисни решенија и чекорење кон поблиска асоцијација на ЕУ."



Според поранешниот премиер и пратеник на опозициската СДСМ, Владо Бучковски заложбите на Турција и Србија се знак дека тие се решени да ја остварат својата цел до крај.

,,Позитивно може да влијае сето она што се случуваше во Генералното Собрание на ОН и ова што се случуваше во турскиот Парламент околу уставните измени, затоа што де факто со овие два крупни чекори и Србија и Турција грабат напред кон ЕУ."

За Рафиз Алити од ДУИ последните реакции од Европската унија за случувањата во соседните земји ќе се одразат поволно врз економскиот развој на Балканот.
Де факто со овие два крупни чекори и Србија и Турција грабат напред кон ЕУ

,,Секако дека секое приближување кон стандардите на ЕУ и НАТО на земјите од Балканот, секако дека се во интерес на целиот регион од самиот факт што регионот добива повеќе инвестиции."

Но, сите се согласни дека нивните одлуки треба да и бидат лекција на Македонија дека нема друг излез освен компромис за името со што земјата ќе биде наградена со забрзано приклучување во евроатланското семејство или таа ќе остане во непријатна позиција и во друштво со Босна и Херцеговина и Косово.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG