Достапни линкови

Намалување на водата во езерото Младост


Нивото на водата во езерото Младост крај Велес е намалена за неколку сантиметри. Постојат сомневања дека водата се користи за наводнување на локалните лозови насади.

Нивото на водата во езерото Младост во последните 24 часа е намалено за неколку сантиметри. Камперите и спортските риболовци велат дека исто како и лани во овој периот од годината водата едноставно како да исчезнува.

„Јас сум секој ден на езерото, воочливо е неговото опаѓање “, вели Јордан Лефтеров.
Приметив дека eзерото се намалува. Слушнав сега неможам да тврдам ама почнале да се наводнуваат лозовите насади, таму оди
водата.


Ако минатото лето сите сомнежи беа насочени кон ново изгрдениот колекторскиот систем, овој пат, спортските риболовци велат дека со езерската вода се наводнуваат лозовите насади.

„Приметив дека eзерото се намалува. Слушнав сега неможам да тврдам ама почнале да се наводнуваат лозовите насади, таму оди водата.“

Илустрација

„Не се сомневам, се наводнуваат некогашните лозови насади на Лозар, бидејки два месеци нема заврнато дожд,
Апелирам да се спречи натамошното исцрпување на водата од езерото, а потоа преку институциите ќе бараме заштита.
за 20 дена намалено е за 40 сантиметри“, велат Ване Ковачевски и Миланчо Миланов.

700 хектари лозови и овошни насади има околу Младост. Рибарите тврдат дека веќе две седмици пумпита за наводнување непрекинато работи. Тие бараат од наделжните да се превземат соодветни мерки.
Концесионер за користење на водата нема, но затоа СРД Бабуна е концесионер на рибниот фонд. Од таму велат ако продолжи намалувањето на нивото на водата опстанокот на езерската флора и фауна ќе бидат доведени во прашање.

„Апелирам да се спречи натамошното исцрпување на водата од езерото, а потоа преку институциите ќе бараме заштита“, вели Томе Илиевски, секретар на СРД Бабуна.

Повлекувањето на водата од езерскиот брег за околу два метри според познавачите на состојбата е алармантна бидејки Рудничка и Отовичка река ова лето сеуште имаат вода која се влива во езерото. Младост последен пат од браната се излеало во 1987 година, додека најнизок водостој е забележан во 1996 година.
XS
SM
MD
LG