Достапни линкови

Неделен печат


Неделен печат
Неделен печат

„Глобус“ објавува анализа – „Со лажна демократија станавме режим“. А во фокусот на „Фокус“-криминални дејанија на владејачката структура

,,Како се упропастува системот,, е насловот на анализата во најновиот ,,Глобус,, поткрепена со наслов „Со лажната демократија станавме режим!“.
Авторот појаснува дека една бенигна диктатура може да биде подемократска од една авторитарна демократија, ако се базира единствено врз принципи, но не и врз практики. Па вели дека е едно кога ќе срушите некоја диктатура и ќе изградите демократија, а сосема е друго, смета авторот на анализата, кога една демократија бавно или брзо ќе се трансформира во диктатура. И тука авторот прави споредба и паралела со нашите актуелни политички состојби, велејќи дека е поголем бројот на угнетените, отколку на задоволените и тоа е проста и убиствена равенка за антисистемот наречен вмровска преродба.
Авторот смета дека поимот диктатура има далеку посилно и поблиско значење ако се врзе со нешто друго: незамисливо е денес, забележува ,,Глобус“ една европска земја која отворено се турка себеси во изолација, која бега од евроатлантските интеграции, а власта е мотор на евроскептицизмот, да се нарече нормална и демократска.
Ако некоја земја се однесува како во овие години Македонија, на сите веднаш им е јасно дека нешто не е во ред со нејзиното внатрешно уредување, заклучува неделникот. Конкретно, ВМРО-ДПМНЕ успеа да инсталира свои луѓе насекаде, да создаде една финансиско- економска трансформација во општеството каде само нивните, како што пишува ,,Глобус ,, ќе се вработуваат, ќе заработуваат, ќе можат да имаат бизниси или, просто кажано, економски да егзистираат.

Macedonia - A newspaper stand, Skopje, 18Jun2010


Неделникот ,,Фокус,, редовно објавува стории за одделни случаи на матни дејанија на која и да е владејачка структура, преку примерот на поедници.
Во најновиот број, го обработува случајот со сменетиот претседател на синдикалната организација на вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и лидер на СОНК на Регион Центар, Чедо Панов. Тој, покрај другото, тврди дека со неговото разрешување синдикалната власт сака да го скрие криминалот во Јавното претпријатие за спортски објекти кое е златен рудник за финансирање на политичката мафија и пералница за пари.
Панов тврди дека во ова јавно претпријатие владееле корупција и организиран криминал со години наназад, поголем и од оној во случајот ,,Бачило“.
Сметката е блокирана со години, а директорот и некои од вработените земаат плата однапред, вели поранешниот синдикален лидер, објаснувајќи дека една од причините за неговото сменување од позицијата претседател на синдикалната организација и во Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и од синдикален лидер на регионалната организација на Центар е што јавно се посомневал во финансиското работење на СОНК предводен од Дојчин Цветановски.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG