Достапни линкови

Подготовки за зимница


Диви пазарџии во Куманово
Диви пазарџии во Куманово

Пари недостасуваат, но кумановци велат ќе се снајдат некако за да подготват зимница и да купат огрев за претстојната зима.

Месецот август, повеќето кумановци ќе ги стави на маки во подготвувањето на зимницата и огревот. Иако велат дека немаат пари од старите навики за подготвување зимница не се откажуваат.

Се подготвувате ли за зимница?

„Да. Јас имам свој начин. Сите зеленчуци што ги купувам на пазарот, пиперки, боранија, грашок, морковите нормално, ги ситнам и ги ставам во најлони, а потоа во замрзнувач ги чувам за зима.“

Има ли пари?

„Не беше скапо. Пиперот беше 20 денари. Јас сум подготвен.“

Некои, пак, летото сакаат уште да си го продолжат и да не размислуваат за претстојната зима.
На дрва се грееме, а тие се 3 илјади денари кубик,плус тоа плаќаме за сечење и цепкање. Ние сме стари и не можеме сами, па и за тоа мораме да
плаќаме.


„Рано ни е.“

„Размислуваме, ако имаме пари.“

„Рано е.“

Куманово
„Ќе правиме зимница. Скапи се патлиџаните, се е скапо. Финансии нема. Пензијата е мала, но ќе се обидеме.“
Скапо е. Се е скапо и пиперки и патлиџани. На дрва ќе се грееме. Дрвата се скапи, а ни требаат осум кубика. Животот е тежок

На што ќе се греете?

„На дрва се грееме, а тие се 3 илјади денари кубик, плус тоа плаќаме за сечење и цепкање. Ние сме стари и не можеме сами, па и за тоа мораме да плаќаме.Така ни излегува над 3 илјади и 200 денари. Ама тоа имаме, термо немаме. Една пензија.“

„Скапо е. Се е скапо и пиперки и патлиџани. На дрва ќе се грееме. Дрвата се скапи, а ни требаат осум кубика. Животот е тежок“.

Кумановци кои живеат со сто евра месечно есенва ќе се соочат со многу проблеми. Оние што имаат мали деца за градинка или пак за училиште освен зимница ќе треба од својот плиток и празен џеб да издвојат за опремување на децата. Оние пак кои добро заработуваат или пак се на печалба во Авганистан или Ирак сеуште летото го користат за годишни одмори на некои од ексклузивните и скапи туристички дестинации. И како што велат кумановци, за оние што имаат многу пари ниту лете е жешко, ниту пак зиме е студено.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG