Достапни линкови

Преговорите продолжуваат?


Зградата на Собранието на РМ
Зградата на Собранието на РМ

Експертите сметаат дека прекин на преговорите со Грција е лоша тактика. Владата тврди дека преговорите продолжуваат со голема претпазливост.

Не е непознат став меѓу дел од македонските интелектуалци, сега актуелизиран и од македонската дијаспора, дека Македонија треба да ги прекине преговорите со Грција околу името. Македонија нема обврска да преговара за името со соседна Грција и вака како што се поставени тие нема да дадат резултат, се дел од аргументите. Понатамошниот интегративен пат на земјава треба да се бара во
Јас знам дека тоа ќе биде тешко и напорно, но ветува исход. Разговорите на позиција `капитулирајте за да добиете членство во ЕУ и НАТО` нема да дадат резултат бидејќи убеден сум дека дури и да се согласиме Грците ќе најдат нова причина поради која ќе го успоруваат процесот на нашето
зачленување.
Времената спогодба и во запознавање на меѓународната заедница, со како што вели, наметнатиот диктат од страна на Грција којшто е неприфатлив за Македонија, смета поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.

„Јас знам дека тоа ќе биде тешко и напорно, но ветува исход. Разговорите на позиција `капитулирајте за да добиете членство во ЕУ и НАТО` нема да дадат резултат бидејќи, убеден сум, дека дури и да се согласиме Грците ќе најдат нова причина поради која ќе го успоруваат процесот на нашето зачленување.“

Ваквите ставови промовирани преку дијаспората и дел од интелектиуалците за дел од експертите е само лоша тактика којашто може многу да ни наштети во понатамошните интеграции и нашата убедливост дека сакаме да продолжиме по тој пат.


„Затоа што веќе се зајакнува убедувањето во меѓународните структури вклучувајќи ги и структурите на НАТО дека Владата води антинато политика и дволична политика“, изјави професорот Мерсел Биљали.
Нашот став е, за добробит на граѓаните и државата мора да ги водиме преговорите со Грција.

Тој смета дека, сепак, ваквите ставови нема да станат официјална владина позиција, но дека се промовираат со цел да се поддржи владината немоќ да се изнајде решение за овој проблем. Решавањето на спорот за името веќе се наметнува како клучно за НАТО и ЕУ интеграциите и ние од тоа нема да можеме да избегаме, додава Биљали.

Премиерот изјави дека владата засега не размислува за варијантата прекин на преговорите, но дека останува крајно внимателна во потезите во разговорите со Грција. Коалиционата ДУИ на став дека преговорите со Грција не смеат да се прекинат и дека тие единствено можат да не приближат до НАТО и ЕУ:

„Нашот став е, за добробит на граѓаните и државата мора да ги водиме преговорите со Грција за решавање на спорот за името за да навистина бидеме членкa, стабилизатор членка во регионот, на НАТО и ЕУ“, изјави Сафет Незири од оваа партија.
XS
SM
MD
LG