Достапни линкови

Кумановци задоволни од локалната власт


Куманово
Куманово

Жителите на Куманово главно се задоволни од работата на градоначалникот и локалната власт.

Без оглед на политичката, партиската или етничката определеност, кумановци генерално се задоволни од работата на градоначалникот и локалната самоуправа. Имаат по некоја забелешка, а најголем проблем е невработеноста, како што велат тие. Меѓутоа, за поголоемиот дел не секогаш и тоа е проблем бидејќи над две илјади семејства се печалбарски.
Уредување на градот подобро е сега, уште хигиената во градот да се подобри, ѓубрето да се собира почесто, другото се е в ред.


РСЕ: Задоволни ли сте од работата на градоначалникот и локалната самоуправа?

„Да. Се гледа дека има движење во подобрување на инфраструктурата, решавање на некои стари нерешени проблеми, улиците, изграден е кејот, едно мало катче каде што младите можат да поминуваат поголем дел од времето. А локалната администрација работи според можностите, но треба да се подобри. Едношалтерскиот систем уште не функционира како што беше во програмата и на Владата и на локалната смаоуправа. Граѓаните се уште трошат многу време на тоа.“

Парк во Куманово

Младите, пак, гледаат од свој аспект:

„Да. Сто отсто. Куманово е посредено, има многу случувања и поразличен е од другите.“
Да. Сто отсто. Куманово е посредено, има многу случувања и поразличен е
од другите.


Оние што имаат помали деца велат дека им се допаѓа шеталиштето.

„За сега да. Го среди плоштадот, кејот. Не ми се допаѓа што Соколана уште не е средена.Терените се преградени и децата мораат да плаќаат за да влезат. Паркот да се среди.“

„Оди некако. Се врти.“

Има и мислења:

„Се што е направено, тој направи. Ниеден градоначалник до сега не направи ништо, затоа и можам да му честитам.“

Што е тоа што не ви се допаѓа?

„Не ми се допаѓа што државата не води сметка за стечајците. Тоа најповеќе ми е криво.“

Повозрасните и со духовити одговори:

„Криво му е што си нема баба. Инаку, добро е, нека оди вода в река.“

„Уредување на градот подобро е сега, уште хигиената во градот да се подобри, ѓубрето да се собира почесто, другото се е в ред.“

Има кумановци кои своето незадоволство го искажуваат на непримерен начин, но не се малку ниту оние кои ги мешаат ингеренциите на локалната и централната власт. Така што забелешките и пофалбите ги упатуваат на погрешна адреса. Како и да е, граѓаните во најголемата локална самоуправа во државава сакаат убаво нашминкан град, така што не прават разлика помеѓу формата и содржината.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG