Достапни линкови

Ниски инвалидски пензии


Инвалидизирано лице
Инвалидизирано лице

Инвалидските пензионери се жалат дека со пензиите што ги примаат не може да се преживее.

Инвалидските пензионери во Куманово имаат мали пензии од кои ги издржуваат членовите на нивните семејства. Тие сметаат дека пензиите треба да им се повисоки кога веќе нема фабрики или фирми во кои нивните деца би се вработувале, а пензиите да ги користат само за нивните потреби. Нивните секојдневни проблеми најчесто меѓусебно си ги раскажуваат, а преку Здружението на пензионерите инвалиди на трудот на нивните средби ги прераскажуваат и со колегите од другите градови во државава.

„Сакаме работата да тргне кон подобро. Груевски да ни ги зголеми пензиите. Земам 8 илјади денари, а со тие пари хранам тројца, децата. Да се направи некоја фабрика, оти се пропадна,се упропастија. Јас работев во ЗИК и него го растурија“, вели еден од пензионерите, член на ова здружение.

Како што вели претседателот Симо Ташковски, за животот да им биде подобар, а и
Земам 8 илјади денари,а со тие пари хранам тројца, децата. Да се направи некоја фабрика,оти се пропадна, се упропастија.
да не ги загубат врските со останатите нивни колеги тие организираат средби. На средбите ги разгледуваат сите нивни проблеми, бараат начини колку е можно да ги ублажат, ако не можат сосема да ги надминат. Така, годинава ќе одржат четврта средба на инвалидски пензионери која ја организираат со посета на православниот храм од 14 век Свети Ѓорѓи во селото Старо Нагоричане, а потоа и посета на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

„Ќе дојдат осум до десет автобуси од Свети Николе, Штип, Македонска Каменица, Скопје...“

Илустрација: Инвалидска количка

А на средбите, кога ќе се отргнат од тешкото секојдневие низ насмевка велат дека наоѓаат време и за зближување, па дури и за вљубувања меѓу оние кои останале без брачните другари.

„Има вљубувања. Сакаат луѓето да се дружат, ама тоа го чуваме во тајност, оти сите имаат возрасни деца“, вели Ташковски.
.
Иако болни и во поодминати години, пензионерите од од ова здружение не се откажуваат од веселби. Во времето кога политичките случувања ги загрижуваат сите, во оваа асоцијација не сакаат да се споменува политиката и се она околу неа. Ташковски вели дека таквите теми се за други места.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG