Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници...
Весници, магазини, неделници...

Притворот за фармерот Душко Илиевски и неговото семејство е топ тема изминатата седмица во дневниот печат.

Притворот на тројцата членови на семејството Илиевски изминатава седмица е топ-тема во таканаречените опозициски медиуми. Вечер речиси и не информира за него, за разлика од Сител ТВ која надолго и нашироко ја обработува случката, но во негативна конотација.

„За фармерот од Битола ќе решава Обвинителството за организиран криминал“, јавува Дневник, кој пишува и за собирањето потписи во Битола за ослободување на фармерското семејство под наслов „Битолчани барааат слобода за Душко“, а Утрински со опширни информации ги следи случувањата откако машките членови на ова семејство беа притворени под обвинение дека одгледувале марихуана на своите ниви.

Време, во насловот објавува дека „Битола е шокирана по одлуката на кривичниот совет“, Илиевци да останат во притвор, со што
трите сопруги и четирите малолетни деца остануваат практично без леб.
Приведување на млекарот Душко Илиевски од Битола поради наводно одгледување марихуана


Дневник јавува „Сред сезона Охрид без бродски сообраќај“ и дека со забраната бродовите да пловат без одобрение и техничкиот преглед од француската осигурителна компанија што ја одбра Министерството за транспорт и врски по ланската бродска катастрофа во водите на Езерото, на Охрид и на туризмот им се нанесува тежок удар. Дневник јавува и за тоа дека од август граѓаните повторно ќе плаќаат поскапо парно за околу осум отсто.


Утрински со опширен осврт пишува за неколкуте оставки во таборот на Груевски, а по повод последната на директорот на Управата за перење пари, Ване Цветанов. „Мистериозни збогувања на Илинденска“ е насловот на освртот, во кој покрај другото се заклучува дека острата реторика на Цветанов и на Гацов, на пример, покажа дека Груевски го шири кругот на непријателите во сопствените редови, потсетувајќи на досегашните 6 изнудени оставки на министри и на други функционери од владиниот естаблишмент.

Нова Македонија, во насловот ги цитира зборовите од изјавата на Цветанов дека „Груевски води лицемерна политика против криминалот“.

Вечер ја објавува изјавата на премиерот Груевски дека неговата партија постојано му нудела на СДСМ опции за надминување на ситуацијата создадена по инцидентот со обезбедувањето во Собранието ама дека опозициската партија ја наметнала таа ситуација.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG