Достапни линкови

Власта не трпи критики


Зградата на Владата на Р Македонија
Зградата на Владата на Р Македонија

Власта отворено се конфронтира со медиумите и експертите кои ги критикуваат владините политики.

Не им верувајте на професорите Мирјана Најчевска и Абдулменаф Беџети, но и на поранешниот министер Џевдет Хајредини кога ја критикуваат владата зошто имаат политички мотиви! Во неполни три недели власта лично нападна тројца јавни личности што ги критикуваат владините политики.
Се прави некаков обид на политиката да ја замолчи, да и одземе важност на онаа експертска јавност, во нивните ставови и нивните обиди во решавањето на актуелните политички проблеми.


Прво дојде повикот од ВМРО-ДПМНЕ, ставовите на Хелсиншкиот комитет да се земат со резерва, бидејќи со него претседава Мирјана Најчевска, која е политички активна, иако таа речиси четири години не членува во Комитетот. Потоа на ред дојде професорот Абдулменаф Беџети, за кого владата оцени дека не може да биде претставуван како независен експерт, зашто бил министер во влада на Бранко Црвенковски.

„Станува збор за лице кое претпочита да дава политички изјави во функција на својот политички ментор“, стои во соопштението на Владата.

Слични квалификации доби и поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

„Од самите негови изјави се гледа дека тие ни од далеку не се базирани на научни премиси и фактички состојби, туку пред се имаат политичка позадина“, реагира владата.

Политикологот Владимир Божиновски вели дека, иако власта предничи со таквото однесување, тоа го прават и останатите политички субјекти.

,,Се прави некаков обид на политиката да ја замолчи, па не баш да ја замолчи туку да и одземе важност на онаа експертска јавност, во нивните ставови и нивните обиди во решавањето на актуелните политички проблеми и тоа право да биде ексклузивно само на власта, бидејќи експертската јавност заедно со медиумите всушност се таа четврта власт која што треба да ги контролира останатите три.“
Кога станува збор за владини коментари најмалку треба да се оди на квалификации на личноста или мотивите на личноста, туку владините коментари единствено треба да се однесуваат на
фактите.


Назми Малиќи

Аналитичарот Назми Малиќи вели дека ова е недозволиво однесување на владата.

„Тоа е погрешно однесување на владата, тоа е една неразбирлива полемика.“

Професор Владо Поповски вели дека се работи за недостаток на политичка култура. Владата нужно е објект на интерес на јавноста, вели тој, и таа може да полемизира со изнесените тврдења, а не со личноста.

„Кога станува збор за владини коментари најмалку треба да се оди на квалификации на личноста или мотивите на личноста, туку владините коментари единствено треба да се однесуваат на фактите.“

Тој вели дека политичките партии може да бидат послободни во реториката, но и тие не треба да одат со лични квалификации.
Божиновски вели дека и покрај ваквото однесување на политичките елити, медиумите и експертите треба да продолжат да работат.

„Едноставо медиумите и експертите треба да продолжат да си ја водат својата работа и се разбира да продолжат со своите сугестии било да се побарани или да не се побарани од страна на политичките партии.“

Дел од експертите и невладиниот сектор оценуваат дека се работи за суптилно нарушување на слободата на говор.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG