Достапни линкови

Реален или лажен оптимизам?


Честите средби меѓу Груевски и Папандреу ги подгреаа надежите за решение на спорот за името
Честите средби меѓу Груевски и Папандреу ги подгреаа надежите за решение на спорот за името

Оправдан или лажен оптимизам за евентуално решение за името? Властите вообичаено молчат, а во јавноста се почесто се споменува додавката ’Вардар‘.

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц е во чест контакт со преговарачите на двете страни, вели портпаролот на ОН Ари Гаитанис во кусата писмена изјава за Радио Слободна Европа.
Гаитанис пишува дека амбасадорот Нимиц „нема да одговара на конкретни прашања за суштината на преговорите“.

Претседателот Ѓорге Иванов вчера рече дека оптимизмот на Брисел за брзо решавање на спорот веројатно се должи на информациите што тие ги имаат од средбите меѓу премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу.
Има многу работи што се споменуваат, гледам Независна, Вардар, Северна, ваква, онаква... Засега нема ништо конкретно, доколку има нешто конкретно, се разбира јавноста ќе биде информиранa.

Сепак, македонските власти остро реагираа на минатонеделната изјава на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас дека премиерот Груевски испраќал срамежливи пораки дека најверојатно разбрал дека треба да го промени ставот во врска со спорот со името, доколку сака европска иднина на земјата. Македонските власти ја оценија оваа изјава како неодговорна. Тие сметаат дека изјавата не придонесува за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение на прашањето за името.

Изминативе недели низ медиумите кружи додавката Вардар како можно решение на спорот. Дел од медиумите објавија дека тој предлог потекнал од македонска страна.
Владините структури не коментираат ништо и упатуваат на изјавата на премиерот Никола Груевски од минатата недела.

Министерот на надворешни работи се ракува Антонио Милошоски се поздравува со грчкиот алтернативен шеф на дипломатијата Димитрис Друцас на 120 сесија на комитетот на министри на Совет на Европа во Стразбург на 11 мај

„Има многу работи што се споменуваат, гледам Независна, Вардар, Северна, ваква, онаква... Засега нема ништо конкретно, доколку има нешто конкретно, се разбира јавноста ќе биде информирана.“

Од коментар на оваа тема се воздржуваат и во СДСМ, со образложение дека не сакаат да му наштетат на Груевски во процесот на преговорите. Пратеникот Тахир Хани од ДУИ, пак, вели дека се надева на брзо решение за спорот.
ДУИ е оптимист дека има можност да имаме компромисно решение за
името.


„ДУИ е оптимист дека има можност да имаме компромисно решение за името.“

Минатата година, поранешниот амбасадор Ристо Никовски оцени дека решението може да се бара во терминот Република Македонија(Вардар). „Јас тоа би го прифатил, под еден единствен услов - дека тоа е само за надворешна употреба, без никакви ограничувања - Македонци, именки, заменки...“, рече тој. Никовски вели дека решението подразбира и флексибилност, но таа флексибилност во никој случај не може да ги доведе во прашање стратешките интереси на Македонија, односно државата и народот.

„Оптимизмот кој што во последно време се шири, дека сме блиску до решение, сметам дека е пренагласен, дека не е реален, дека тоа е лансирано од Атина, бидејќи ним тоа им одговара во однос на нивните европски партнери.“

Поделоност во мислењата кој може да го реши спорот за името владее и меѓу читателите на нашата интернет страница. По 35 отсто од анкетираните одговориле дека спорот за името можат да го решат ВМРО-ДПМНЕ, односно СДСМ, а нешто помал дел од читателите сметаат дека спорот може да го реши некој друг.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG