Достапни линкови

Еуфорија во Шпанија, достоинствено во Германија


Голот на Пујол
Голот на Пујол
Пофалби за тимот на Германија
Победени, но не и понижени, оценуваат денеска германските медиуми за поразот на Германија од Шпанија и пропуштената можност да се стигне до финалето на Мундијалот во Јужна Африка. Сонот за Светскиот Куп е уништен, а Шпанија беше преголема пречка за младиот германски тим, констатираат медиумите во Германија, охрабрувајки ги своите репрезентативци сега да гледаат кон наредното Светско Првенство што ќе се игра во Бразил. Речиси сите констатираат дека оваа репрезентација на Германија има оптимистичка перспектива. Но, во германските весници има и критики за преголемиот респект што го имале германските играчи кон шпанските ѕвезди и оти не профункционирал германскиот стил на игра.


Еуфорија во Шпанија
На насловните страници на сите шпански весници денеска е историскиот успех на фудбалската репрезентација на Шпанија, првото финале на Мундијал. Шпанскиот тим ја имаше “бојата” на Барселона, бидејки во првиот тим на теренот имаше 7-мина играчи од тој тим, поради што многумина Каталонци застанаа зад тимот на Шпанија, што не е чест случај. Низ улиците на сите градови во Шпанија се славеше успехот, а истражувањето на јавното мислење покажа дека 89 насто од анкетираните сметаат дека Шпанија, во финалето, ќе ја победи и Холандија и ќе биде светски првак во фудбал. Медиумите му оддават признание на селекторот Дел Боске што успеал да ја врати самодовербата кај репрезентативците по лошиот старт на Мундијалот, кога Шпанија загуби од Швајцарија со 1 спрема 0.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG