Достапни линкови

Кој ќе го додели трофејот?


Организаторите на Светското Првенство во Фудбал во Јужна Африка сеуште не решиле кој ќе го додели трофејот на победникот на Мундијалот во недела. Националната икона, Нелсон Менедела е логичен избор за организаторите, но присуството на 91-но годишниот Мендела на финалето е неизвесно. Семејството на Мендела ќе донесе одлука во недела, на денот на финалето, изјави денеска портпаролот на организациониот комитет Џермеин Крег. Мендела требаше да присуствува и на отворањето на СП, но не дојде поради трагичната смрт на неговата внука во сообраќајна несреќа тој ден. Сега очекувањата се дека Мендела ќе биде во можност да дојде барем на затворањето на шампионатот.
XS
SM
MD
LG