Достапни линкови

Младоста е успехот на Европа


Мишел Платини

Мишел Платини вели дека успехот на трите европски фудбалски репрезентации на Светскиот Куп во Јужна Африка не е случајност. Тоа е плод на вложување и на работа со младите во Шпанија, Германија и Холандија, вели Претседателот на УЕФА.

Претседателот на УЕФА Мишел Платини ја пофали Европа за промоција на млади, креативни играчи. Имено на Светскиот куп од 4 екипи кои се пласираа во полуфиналето, три се од Старата дама.

Платини потсети дека Германија, Холандија и Шпанија се, исто така, трите најуспешни нации во Европските младински турнири во последниве години.

Поранешниот играч и репрезентативец на Франција вели дека успехот на европските тимови во Јужна Африка е "победа на убавата игра" и дека не станува збор за среќа.

Шпанците го слават голот на Давид Виља со кој беше совладан Парагвај


Според Мишел Платини тоа е награда за долгорочните напори на трите национални фудбалски сојузи кои инвестираа во образованието и обуката на младите.

Под раководство на Платини од 2007 година, УЕФА го промовира „Домашното правило“ за потикнување на клубовите за да избираат играчи помлади од 23 години кои се обучени во домицилната земја.
XS
SM
MD
LG