Достапни линкови

Почна Семинарот за македонски јазик


Учесници на семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид
Учесници на семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид

Стотина македонисти и слависти од 22 земји од светот, во Охрид повторно го изучуваат македонскиот јазик, литература и култура на традиционалниот летен семинар што годинава се одржува по 43 пат.

На изворот на македонската и словенската писменост, младите студенти и повозрасните почитувачи на нашиот јазик и идентет, стекнуваат знаења и искуства кои потоа ги пренесуваат во своите образовни и животни средини, со што македонистите од летната школа со децении се сметаат за наши најдобри амбасадори и афирматори во светот. Меѓу постарите учесници се македонистите Волф Ошлис од Германија и Мачиеј Кавка од Полска.
Се радувам секоја година ако можам да бидам тука во жива дискусија со колегите, лекторите и научници од Македонија и од странство, а сакам да придонесам нешто и во рамките на научната дискусија. Со еден збор тука се чувствувам како ’Муслиман во
Мека‘.


„Се радувам секоја година ако можам да бидам тука во жива дискусија со колегите, лекторите и научници од Македонија и од странство, а сакам да придонесам нешто и во рамките на научната дискусија. Со еден збор тука се чувствувам како ’Муслиман во Мека‘“, вели Германецот Ошлис, кој на семинарот во Охрид доаѓа од 1975 година.

Последниве две години, тој има објавено прирачник на македонскиот литературен јазик и книга за младешките години на Мајка Тереза. Ошлис жали за намалувањето на бројот на универзитетските катедри за славистика, од што според него страда и македонистиката во Германија.

„Соработувам со Македонците на разни проекти, претежно лингвистички, се занимавам со јазикот, културата и литературата. Македонија постои, Македонецот и нацијата постојат. Треба само да се занимавате со културата, јазикот и литературата, а не да се оспорува и да се кажува дека не постои ништо. Дека нема идентитет? Тоа не е спорно ! Нема конфликт, а доколку некој создава конфликт, тоа е негова работа“, вели Полјакот Кавка, кој на Летната школа доаѓа 30-тина години.

Посебен предизвик за учество на Семинарот за Македонски јазик имаат младите македонисти, кои прв пат доаѓаат и во матичната земја со матичниот народ го учат и усовршуваат јазикот, историјата, културата, фолклорот и обичаите.
Овде сум прв пат, со цел повеќе да го научам Македонскиот јазик и да го разгледам Охрид, кој е многу убав град. Мислам дека ова е многу добра промоција на Македонија и можност за наша едукацијa.


„Овде сум прв пат, со цел повеќе да го научам македонскиот јазик и да го разгледам Охрид, кој е многу убав град. Мислам дека ова е многу добра промоција на Македонија и можност за наша едукација. Во Словенија, македонскиот јазик го студирам на факултет, што кај нас се учи заедно со српски и хрватски. Покрај овие јазици одлучив да го учам македонскиот, кој потоа ми стана поинтересен, па сакам повеќе да го практикувам и усовршам во Охрид, зошто во Словенија немам ваква добра прилика“, вели Тина Часар, студентка од Словенија, која заедно со најголемиот дел од учесниците, преку стипендии од Македонија доаѓаат на семинарот во Охрид.

Последниве години се погласно се зборува дека е крајно време државата да се погрижи за зголемување на изучувањето на Македонскиот јазик преку поголем број наши лекторати и лектори во светот, што би ни било посебно корисно во актуелните заложби за справување со проблемите околу прашањата на нашиот идентитет, значајни за државата и македонскиот народ.
XS
SM
MD
LG