Достапни линкови

Намалување на туберкулозните заболувања


Во Македонија, туберкулозата се уште е присутна, и покрај фактот што бројот на новозаболените лица од година во година се намалува. Слична е состојбата и во општина Дебар, град кој изминатите децении бил на врвот на листата на заболени од оваа болест во земјата.

Овие податоци се изнесени на лекарската средба што се одржа во Дебар, посветена на мерките за рано откривање на туберкулозата, која според здравствените работници е главен извор на ширењето на инфекциите во околината. Директорката на Институтот за белодробни заболувања во Скопје Билјана Илиевска Поповска вели дека се прават сите напори да продолжи перманентното намалување на бројот на лицата болни од оваа болест во земјава.
Има намалување на новозаболените од туберкулоза. Така, додека во 2002 година се регистрирани околу 700 новозаболени, таа бројка во 2008 година е 483, додека во 2009 година 473.


„Туберкулозата во Македонија ја имало секогаш, но ја има и денеска. Оваа болест не е искоренета и таа е присутна во цела земја. Има намалување на новозаболените од туберкулоза. Така, додека во 2002 година се регистрирани околу 700 новозаболени, таа бројка во 2008 година е 483, додека во 2009 година е 473. Македонија е земја со средна висина со инциденца на Туберкулоза.“

Според неа, Македонската национална програма ги опфаќа и препораките на Светската здравствена Организација во врска со активностите за рано откривање на оваа болест.

„Во Македонија има национална стратегија за контрола на туберколозата. Таа програма ги следи во целост и препораките на Светската здравствена организација. Особено се инсистира на навремено откривање на сите случаи и тие правилно да се лекуваат. Туберкулозата се лекува, но исто така болните се главен извор за ширење на инфекциите во околината.“
Во Македонија има национална стратегија за контрола на туберколозата. Таа програма ги следи во целост и препораките на Светската Здравствена Организација.


Според д-р. Драган Клопчевски од Општата болница во Дебар, и во Дебар и поширокиот регион има намалување на новозаболените од туберкулоза.

„Во последно време опаѓа бројот на новозаболените од оваа болест. Во 2005 година се регистрирани 14 болни, во 2006 година 7, во 2007 има 6, во 2008 година, чудно е се регистрирани дури 21, но во 2009 година продолжи намалувањето на бројката и таа изнесуваше само 6. Оваа година за пет месеци се регистрирани само 3 случаи.“

Во дебарската Општа болница, според директорот д-р. Баки Алили се вршат особено зголемени анализи врз болните, бидејќи овој град, минатите децении бил на врвот на листата на заболени од оваа болест во земјава.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG