Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија Берт ван Марвијк изјави дека Ариен Робен не бил потешко повреден и оти пред почетокот на Светското првенство ќе и се придружи на екипата во Јужна Африка. Робен ја повреди ногата во натпреварот со Унгарија кога Холандија победи со 6:1. ,,Нема да го менувам Робен. Сакам да му дадам шанса да учествува на Светскиот куп,, изјави Ван Марвијк. Холандија која е во Групата Е својат прв меч го игра против Данска на 14 јуни. Во оваа група се уште Јапонија и Камерун .
Робен останува во холандската репрезентација
,,Нема да го менувам Робен. Сакам да му дадам шанса да учествува на Светскиот куп,, вели холандскиот селектор Ван Марвијк.