Достапни линкови

Северна Кореја без ТВ преноси


Фудбалските фанови во Северна Кореја веројатно ќе останат без телевизиски преноси од натпреварите на СП во Јужна Африка. Поради тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја, јужно-корејската телевизија која ги има правата за преноси од Светското првенство на Корејскиот Полуостров, нема да и овозможи на северно-корејската телевизија да ги превзема преносите. Северна Кореја ќе игра на шампионатот во Ј.Африка за прв пат од 1966-та година, кога беше учесник на СП во Англија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG