Достапни линкови

Западен Балкан: Излез од чекалницата на ЕУ


Преокупирана со своите финансиски проблеми, ЕУ повеќе не обрнува внимание на Западен Балкан. Како резултат на тоа е губење на кредибилитет и влијанието во регионот, што може да води кон нестабилност. Ова се наведува во експертската анализа објавена од Европскиот совет за надворешни односи во која се препорачува ЕУ итно да ја преиспита својата политика спрема Балканот.

Десет години е долго време за чекање на прием, особено на оној што можеби никогаш нема да го добиеш. Но, толку време земјите од Западен Балкан седат во собата за чекање на Европската унија.

За разлика од клиентот или пациентот кој знае дека на крајот ќе биде примен, од овие држави се бара да преземат тешки и амбициозни реформи како нивна подготвка за членство во Унијата, но без сигурност дека некогаш ќе бидат дел од клубот. Тоа сее сомнежи за вистинска природа на посветеноста на Европската унија за европската интеграција на регионот.

Тоа пак, директно влијание врз способноста на Унијата да ги промовира реформите, се наведува во текстот на Даниел Корски, еден од авторите на анализата во кој се додава дека без надворешен притисок и мотивација, лидерите како Сали Бериша во Албанија, Милорад Додик во Босна и Херцеговина, Никола Груевски во Македонија и Мило Ѓукановиќ во Црна Гора имаат тенденција да ја загубат својата желба за административни реформи.

Предизвикот за Европската унија сега е како да се вратат до точка на веќе еднаш постигнатиот напредок, наместо создавање
Без надворешен притисок и мотивација, лидерите како Сали Бериша во Албанија, Милорад Додик во Босна и Херцеговина, Никола Груевски во Македонија и Мило Ѓукановиќ во Црна Гора имаат тенденција да ја загубат својата желба за административни реформи.
разочарување и можности за регресија. Со други зборови, тоа не е прашање на бавно или брзо одење, туку дали просецот се движи во вистинската насока.

Планираниот самит во Сараево на 2 јуни е можност за артикулирање и за повторно покренување на стратегија на Унијата. Во анализата се препорачува Европската унија да објави дека има намера во текот на идната година да започне скрининг на шест земји во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Црна Гора и да вети сличен процес за Косово.

Понатаму, за да се промовира регионалната конкуренција која се покажа за успешна при неодамнешниот процес на визната либерализација, земјите, како што се додава, треба да започнат заедничко скринирање што е многу подобро отколку тоа да го прави секоја посебно.

Последните искуства со визната либерализација покажуваат дека Унијата се уште има моќ да мотивира сериозни реформи, преку мобилизација на вистинските стимуланси.

Ние сега знаеме што тоа значи: јасни и објективни услови; близок ангажман на техничко ниво; јасен распоред на можности; и транспарентни проценки што активираат позитивна конкуренција меѓу соседните земји.

Целта треба да биде дека до крајот на првото претседателство на Полска со Унијата, односно во втората половина на 2011 година сите земји да постигнат кандидатски статус
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG