Достапни линкови

Висок американски дипломат в четврток во Скопје


Филип Гордон, помошник на земеникот на државниот секретар на САД
Филип Гордон, помошник на земеникот на државниот секретар на САД

Американскиот помошник на заменикот на државниот секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Филип Гордон в четврток треба да ја посети Македонија. Тој ке се сретне со државниот врв и со лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети.

Спoред соопштението од Стејт департментот, тема на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу САД и Македонија, како и други регионални прашања.
Нашето заедничко учество во мисијата на Авганистан, заедничката борба, понатамошен развој на соработката, заложби, нормално, за поттикнување на преговорите со Грција, тоа би била неговата агенда. Не гледам ништо посебно.

Ова е прва посета на Гордон на Македонија, откако пред една година ја презеде фунцијата од Даниел Фрид, кој ја играше и улогата олеснувач во преговорите меѓу Македонија и Грција.

Професор Јован Донев вели дека посетата на Филип Гордон на земјава е само потврда на американско-македонското партнерство и сојузништво.

„Нашето заедничко учество во мисијата на Авганистан, заедничката борба, понатамошен развој на соработката, заложби, нормално, за поттикнување на преговорите со Грција, тоа би била неговата агенда. Не гледам ништо посебно.“

Професор Стево Пендаровски вели дека посетата на Гордон на земјава е дел од неговите работни задачи.
Не мислам дека е врзана со конкретните рокови во врска со името кои ги имаме од ЕУ и не мислам дека е дојден тука да врши притисок врз дражвното раководство да биде пофлексибилно во таа насока.

„Не мислам дека е врзана со конкретните рокови во врска со името кои ги имаме од ЕУ и не мислам дека е дојден тука да врши притисок врз дражвното раководство да биде пофлексибилно во таа насока.“

Досегашната практика покажа дека токму помошникот на заменикот на државниот секретар задолжен за европски и евроазиски прашања е клучна фигура на американската надворешна политика во однос на Македонија.

По промената на американската администрација, дел од македонските аналитичари изразија загриженост за подршката од САД, особено во спорот за името, имајќи предвид дека Фрид беше изразито наклонет кон Македонија во спорот со Грција, за разлика од Гордон, кој во предизборната кампања на Обама сугерираше балансирање на американскиот пристап кон спорот за името.

Пендаровски вели дека воопшто не станува збор за нивни лични ставови.
Администрацијата на Обама не е блиска до Македонија, како што беше администрацијата на Буш. Тоа нема никаква врска со конкретни личности кои се на власт во Македонија, има врска со нивните глобални интереси низ светот.

„Даниел Фрид немаше пријателски однос, лично тој кон Македонија, туку таква беше политиката на претседателот Буш. Гордон, од почетокот, од изборната кампања на Обама, до денес едноставно се однесува и со изјавите и со конкретното политичко однесување се наоѓа на Обама администрацијата. Администрацијата на Обама не е блиска до Македонија, како што беше администрацијата на Буш. Тоа нема никаква врска со конкретни личности кои се на власт во Македонија, има врска со нивните глобални интереси низ светот.“

Пред околу еден месец, во расправата на поткомитетот за Европски прашања на Сенатот за надворешни работи, Гордон повика на што поскоро решавање на спорот меѓу Македонија и Грција.

„Ние ќе прифатиме какво било взаемно прифатливо решение, кое произлегува од преговорите, но мора да има решение и тоа наскоро“, рече тогаш Гордон.

Тој додаде дека спорот за името ја попречува интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ и затоа е потенцијална закана за стабилноста на целиот регион.

Неделава, Гордон е во посета на Балканот. Освен Македонија, предвидено е тој да ги посети и Србија и Косово.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG