Достапни линкови

Неделен печат - „Се подготвува ли реприза на 2001?“


Весници, неделници...
Весници, неделници...

Со ваков наслов, неделникот Глобус донесува анализа за безбедносната состојба во Македонија по проанаоѓањето на поголема количина оружје на македонско-косовската граница. Не само Глобус, речиси сите неделни изданија се занимаваат со актуелната безбедносна состојба.

Два домашни неделника во своите најнови изданија ја обработуваат темата која и во дневниот печат во изминативе денови ги заземаше првите страници: безбедносната ситуација во земјава, по откривањето на тајниот бункер со оружје на македонско-
Запленетото оружје на македонско-косовската граница
косовската граница. Глобус, широката анализа ја насловува со прашање: „Се подготвува ли реприза на 2001 година?“, за во поднасловот да даде и свое видување како одговор на прашањето: „Прашањето на безбедноста на Македонија никогаш нема да биде безбедносно,
Прашањето на безбедноста на Македонија никогаш нема да биде безбедносно, туку пред се', политичко
прашање.
туку пред се', политичко прашање“. Авторот на текстот потсетува дека и во 2001-та и сега, имаме радикализирани структури и на албанската и на македонската страна кои мислат дека статус-кво ситуацијата е полоша дури и од оружените конфликти, па исфрла теза дека ако вака продолжи политката на владеење, со иритација на Албанците во Македонија, иритација на нормалните Македонци, со иритација на Ромите, врз основата на најмунициозниот политички проект што е забележан на овие простори - ќе дојде до дисолуција на државата Македонија, а дека токму нашето доцнење во евроатлантските интеграции е резултат на таа идеја за деструкција.

Покрај Глобус, неделникот Форум му посветува дури две статии на ова прашање: за пронајденото оружје и за евентуалното повампирување на ОНА. Во сторијата за запленувањето на оружјето во утробата на Скопска Црна Гора, „Гнездото на одлетаните
Гнездото на одлетаните орли.
орли“, неделникот го цитира полковникот во пензија и воен аналитичар Благоја Марковски, кој смета дека треба да престанат политичките препукувања на релација власт-опозиција и албански - македонски партии кои предизвикуваат реакција кај екстремистите и мислење дека постои плодна почва за нивни активности.

Фокус се осврнува на ефектот од откажувањето на лидерот на владејачката партија и премиер Никола Груевски од уставните промени кои бомбастично ги најави токму тој, со цел судството да се ослободи од политичкиот притисок на извршната власт. Нема политичка волја, го цитира партиското соопштение неделникот, и прашува: „Како сега ќе функционира судството под политички притисок, што го призна и самата ВМРО-ДПМНЕ? Ќе го реконструираат министерот за правда или ќе почекаат странците да се уморат од пишувањето лоши извештаи за Македонија и нејзиното судство?“, прашува неделникот, за да заклучи дека баш и не е се' остварено. „Има уште, не се секирајте“, им порачува Фокус на читателите.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG