Достапни линкови

Македонија е за интензивен дијалог со Грција


Подготвува нов предлог? - Метју Нимиц
Подготвува нов предлог? - Метју Нимиц

Македонската страна е расположена за интензивен дијалог со Грција,изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Францускиот амбасадор во Македонија Шлумберже за Слободна Европа порачува - времето почнува да се стеснува и за жал мислам дека како ќе одминува времето се помалку ќе можеме да бидеме оптимисти.

Средбата во Њујорк на посредникот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција е показател дека македонско-грчкиот дијалог во однос на билатералниот спор продолжува. Македонската страна е расположена за интензивен дијалог, а динамиката ја одредува Нимиц, изјави денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Македонија е подготвена да работи заеднички и со Нимиц и со претставниците на Грција за да се обидеме да изнајдеме нешто што би личело на компромис. Но, од друга страна нема напредок ако едната страна сака ултимативно да наметне свои црвени линии. изјави Милошоски.
За изјавата на американскиот амбасадор Филип Рикер дека името мора да се реши и оти од тоа зависи иднината на земјата, Милошоски рече дека и порано имало загриженост и размислувања кај добронамерните земји и пријатели како што се САД, особено за време на косовската криза и големиот бран бегалци, но Македонија покажала зрелост и го положи тестот не само на својата самостојност, туку и на својата стабилност, екомомски развој, создавање на регионални односи и придонесување кон цел тој регионален развој.

Министерот Милошоски и Медијаторот Метју Нимиц


Се уште воздржаност во државните институции околу содржината на консултациите на медијаторот Нимиц со преговарачите од двете страни. Нема најави ни околу очекувањата на евентуални нови предлози на новата рунда преговори закажана за мај. Затоа пак на оваа
Моратинос констатираше дека постои волја да се стигне до решение како од македонска така и од грчка страна. И мислам дека на тоа го темели неговиот оптимизам, и во таа насока е во право што е оптимист. Едноставно, времето почнува да се стеснува и за жал мислам дека како ќе одминува времето се помалку ќе можеме да бидеме оптимисти.
тема имаше изјава портпаролот на грчкото МНР. Прерано е да се зборува за предлог на Нимиц со оглед на случувањата и околностите во соседната земја, се вели во изјавата. Роковите течат и меѓународните претставници не кријат дека очекуваат посериозен напредок кон компромис за името којшто би го одблокирал евроинтегративниот процес на земјава до крајот на јуни. Деновиве, меѓународните предупредувања станаа и поостри - ако не го решите прашање за името, вашата иднина е незивесна. Оптимизмот пак дека тоа ќе се случи, макар и изречен од министерот за надворешни работи на земјата претседавач со Унијата, полека се троши.

„Моратинос констатираше дека постои волја да се стигне до решение како од македонска така и од грчка страна. И мислам дека на тоа го темели неговиот оптимизам, и во таа насока е во право што е оптимист. Едноставно, времето почнува да се стеснува и за жал мислам дека како ќе одминува времето се помалку ќе можеме да бидеме оптимисти“, изјави францускиот амбасадор во Република Македонија, Жан Клод Шлумберже во интервјуто за Радио Слободна Европа кое што ќе се емитува в недела.

Зградата на ОН во Њујорк


Од канцеларијата на медијаторот рекоа дека ОН немаат поставено краен рок за постигнување решение кое што к
Тие преговараат за име, ние преговараме за гаранции за идентитет и за јазик. Е сега, приближување тука може да има затоа што Грците би се сложиле, односно Нимиц прво во својот предлог ќе треба да формулира некакви гаранции околу тоа.
ако што велат би било прифатливо за двете страни. Дел од домашните експерти гледаат придвижување на целиот процес пред се како што велат под влијание на меѓународниот притисок, а не и притисокот кој што сами би си го наметнувале. Во таа смисла, професор Ивица Јосифовиќ вели дека Нимиц, на најавената нова рунда за крајот на мај, би требало да донесе предлог којшто на некој начин би бил конечен.

„Тие преговараат за име, ние преговараме за гаранции за идентитет и за јазик. Е сега, приближување тука може да има затоа што Грците би се сложиле, односно Нимиц прво во својот предлог ќе треба да формулира некакви гаранции околу тоа.“

Под одвените средби што медијаторото ги одржал завчера одделно со преговарачите Јолевски и Василакис тој бил примен , на негово барање и од генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Детали од средбата не се соопштуваат.
XS
SM
MD
LG