Достапни линкови

Република Северна Македонија?


Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлогот Република Северна Македонија за севкупна употреба е неприфатлив затоа што задира во идентитетот. Тие не коментираат дали предлогот е прифатлив за меѓународна употреба. Според политиколозите, понудата на Грција е иста од пред десет години и пред пет години и задира во идентитетот и јазикот.

Изјавата на премиерот дека предлогот Република Северна Македонија, ерга омнес, е неприфатлив за него, произлегува од предлогот што во моментов е на маса и којшто и во рамките на партијата е неприфатлив велат извори од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку под меѓународен
Сепак станува збор за компромис, за тоа како ќе се нарекува државата, според она барем ако судиме што го слушаме како понуда или предлог, не станува збор како ќе се нарекува нацијата или, пак, јазикот.
притисок дојде до тоа да се прифати некаков предлог, граѓаните ќе одлучуваат на референдум, велат од ВМРО-ДПМНЕ, но во рамките на партијата не може да се потврдат шпекулациите дека се подготвува терен за каква и да е промена на името. Во оваа партија не сакаат да коментираат дали е прифатлив овој предлог само за меѓународна употреба без употреба ерга омнес. Предлогот ерга омнес е всушност задирање во идентитетот на државата и тоа е неприфатливо, велат извори во најголемата партија.

Ставот во партијата, според неофицијални извори, е дека Грција засега само прави привид дека преговара и дека досегашните предлози е опасно по интегритетот и иднината на државата да се прифатат. Ермира Мехмети од партијата којашто е партнер во Владата, ДУИ, вели дека оваа партија очекува да види каков ќе биде новиот предлог на медијаторот Нимиц и дека во тој контекст ја гледа изјавата на премиерот, но дека и во досегашниот процес на изнаоѓање решение на прашањето за името не гледа дека било поставено прашањето на идентитетот.

„Сепак станува збор за компромис, за тоа како ќе се нарекува државата, според она барем ако судиме што го слушаме како понуда или предлог, не станува збор како ќе се нарекува нацијата или пак јазикот“, изјави Мехмети.
Тоа е некаков реален комрпомис, затоа што Грците тоа што го нудат, нивната понуда е тоа што го понудија и пред 10 години, и пред пет години и сега е истото што го нудат. Никогаш не било само името, секогаш било плус идентитетот и јазикот.


Познатиот став на најголемата опозициона партија СДСМ е дека тие го поддржуваат секое решение коешто не задира во идентитетот на нацијата.

Политикологот Владимир Божиновски вели дека премиерот, во неодамнешната изјава, дал позитивен сигнал дека е подготвен да преговара, но дека во изјавата се насетува јасната дистинкција меѓу промената на името и неговата промена за употреба ерга омнес како и задирањето во идентитетот. Предлогот за промена единствено на името во Република Северна Македонија е можниот компромис којшто може да го понуди Македонија, додава Божиновски.

„Тоа е некаков реален комрпомис, затоа што Грците тоа што го нудат, нивната понуда е тоа што го понудија и пред 10 години, и пред пет години и сега е истото што го нудат. Никогаш не било само името, секогаш било плус идентитетот и јазикот,“
XS
SM
MD
LG