Достапни линкови

Реакции за насилствата во Шуто Оризари


Ромско население
Ромско население

Од министерството за внатрешни работи ги отфрлаат обвинувањата дека преголемото присуство на полицијата е причина за вчерашниот инцидент во населбата Шуто Оризари. Вакви обвинувања на сметка на полицијата изнесе локалната власт во населбата како и претставиците на Ромите во Владата.

МВР ги отфрла тврдењата дека токму големото присуство на полицијата е причина за вчерашниот инцидент во Шуто Оризари во кој беа повредени 16 полицијаци.

„Крајно несмасно е во овој момент да се бара каква било оправдување за сцените кои што сите можевме да ги видиме вчера. Сосема е непријатно и недостојно во оваа ситуација да се оправдуваат оние кои што со камења фрлаа врз полицијата. Досега нема пријава од
Крајно несмасно е во овој момент да се бара каква било оправдување за сцените кои што сите можевме да ги видиме вчера. Сосема е непријатно и недостојно во оваа ситуација да се оправдуваат оние кои што со камења фрлаа врз полицијата.
ниту еден граѓанин до секторот за внатрешна контрола на МВР, за прекумерна употреба на сила што јасно покажува, а и беше видливо на снимките на кој начин реагираше полицијата“, вели портпаролот на МВР Иво Котевски. Тој додава дека МВР работи на идентификација на учесниците во нередите.

„За да не се повтори тоа и за да не биде инцидентот генерализан за целата ромска популација, очекуваме помош и поддршка токму и од локалните власти за идентификација на луѓето кои што го инцираа инцидентот и кој што учествуваа во ицидентот.“

Градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам утринава посочи дека токму прекумерното присуство на полицијата е причина за вчерашниот инцидент. Бајрам јавно праша зошто власта имала потреба да демонстрира толкава сила, кога Ромите не пружале отпор на почетокот на акцијата на координативното тело за заштита на индустриската сопственост. Тој вели дека не бил известен за акцијата.

„Им ја одземале робата, граѓаните не реагирале и недавале отпор. Акцијата на инспекторите се одвивала без застој. Сакам да ги прашам неколку прашања инспекторите: Кој е тој што процени дека толкав број на специјалци треба во нашата општина? Што сме ние Ромите, сакам да прашам? Кој го испровоцира да се случи овој немил настан во нашата општина?“
Сакам да ги прашам неколку прашања инспекторите: Кој е тој што процени дека толкав број на специјалци треба во нашата општина? Што сме ние Ромите, сакам да прашам? Кој го испровоцира да се случи овој немил настан во нашата општина.

Министерот без ресор Неждет Мустафа се согласува дека акцијата не требало да се организира со толку големо присуство на полицајци.

„Жалам што за време на Декадата на Ромите, и за време кога низ цела Европа е прогласена ,,Година на ромската сиромаштија“ ова не беше организирано по умерено, и не беше во соработка со локалната самоуправа. Сметам дека и прекумерното пристуство на полицијата го иритираше ромското население и доведе до таква ескалирана состојба.“

Со соопштение реагираше и Националниот ромски центар. Тие констатираат дека напорите за инклузија и рамноправен пристап кон Ромите паднаа во вода со вчерашните случувања во Шуто Оризари.

„Не може а да не забележиме на многубројните прекршувања на начелата на рамноправност и избегнување на дискриминација, како од државните институции, така и од медиумите“, се вели во соопштението.

Националниот ромски центар смета дека е нејасно дали со оваа акција државата сака навистина да се бори со фалсификуваната роба или само се обидува да изврши притисок „таму каде што очигледно смета дека е најлесно, кај Ромите?!“
Многу често истата таа роба што може да се најде на пазарот во Шуто Оризари е присутна и се продава во многу „елитни” продавници во ГТЦ и низ центарот на Скопје!


„Многу често истата таа роба што може да се најде на пазарот во Шуто Оризари е присутна и се продава во многу „елитни” продавници во ГТЦ и низ центарот на Скопје!“, констатираат во Националниот ромски центар.

Локалното население од Шутка вчера се судри со околу 200 полициски специјалци кои требаше да асистираат на акцијата на координативното тело за заштита на индустриската сопственост. Жителите на Шутка ја опсипаа полицијата со камења, во знак на револт од запленувањето на фалсификувани брендирани производи. За сузбивање на протестите специјалците употребија и димни бомби.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG