Достапни линкови

Меѓуопштинска соработка за европски средства


Македонско и ЕУ знаме
Македонско и ЕУ знаме

Четири општини, Новаци од Македонија, Пустец од Абанија, бугарската Борован и грчката општина Ќуфалија реализираат проект наречен „Развој преку вмрежување на збратимени градови“, кој има за цел размена на искуства и подготовка на проекти за заеднички настап и црпење на средствата од европските фондови.

„Развој преку вмрежување на збратимени градови“ e проектот што го реализираат четири збратимени општини: Новаци од Македонија, Пустец од Албанија, бугарската Борован и грчката општина Ќуфалија. Целта на проектот е да се разменуваат искуства и да се подготвуваат проекти за заеднички настап пред европските ИПА и ИПАРД фондови. Проектот е од големо значење за општина Пустец, која со соочува со инфраструктурни проблеми, недостиг од вода за пиење, а 80 насто од 5300 жители се невработени. Како што вели
Тој проект ќе има големи ефекти за сите нас, затоа што заедно можеме многу. Како општина членка на Европската Унија, ќе помогнеме со сите наши знаења и искуства на нашите пријателски општини од Македонија и Албанија.
градоначалникот Едмонд Темелко, ќе се искористи оваа можност да се работи на заеднички проекти за да се олесни постапката за апликација до европските фондови, при што ќе се користат и искуствата на руралните општини кои се веќе во ЕУ.
.
,,Пустец веќе не е земјоделска, поглавна гранка е туризмот. Сите девет села се распространети околу Преспанското Езеро, има доста културни и историски богатства кои влеваат надеж за развој на туримот.“

Со големи надежи за идна успешна соработка е и Петар Цветков, кој 19 години е градоначалник на бугарската рурална општина Борован во која живеат околу 9000 жители.

„Европа за прв пат тука во Македонија се среќава со четири општини од различни држави. Тој проект ќе има големи ефекти за сите нас, затоа што заедно можеме многу. Како општина членка на Европската Унија, ќе помогнеме со сите наши знаења и искуства на нашите пријателски општини од Македонија и Албанија.“

Цветков додава дека и во оваа општина што се наоѓа на северозападниот дел од Бугарија има инфраструктурни проблеми. За
Мојот совет е пред да побараме средства од Европската Унија, да направиме добри програми.
Димитрос Белидис, градоначалникот на грчката општина Ќуфалија, која се наоѓа во предградието на Солун, најважно е што се воспоставува соработка меѓу општините од соседните држави, затоа што како што вели, може да се дефинираат заедничките правци на развој, а тоа е и обврска на градоначалниците.

„Мојот совет е пред да побараме средства од Европската Унија, да направиме добри програми, да бидат разгледани на високи стручно ниво, а стоиме на располагање за помош од тој аспект.“

Ќуфалија и Новаци досега оствариле неколку заеднички проекти за подобрување на инфраструктурата и намалување на невработеноста. Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски посочи на рудните богатства и еколошки чистата животна средина која е основа за развој на рурален туризам во општината која е носител на овој проект.

„Заедничките проблеми се инфраструктурни, водоводи, канализација, прокопи на канали, на одводнување, на наводнување.“

Грантот што од ЕУ го доби македонската општина со 3500 жители е вреден 147.000 евра и треба да се реализира до крајот на септември. До тогаш ќе се одржат и други бројни средби во останатите збратимени општини одтрите соседни држави.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG