Достапни линкови

Патување со авион луксуз за Македонците


Цените на авиобилетите во Македонија се уште се многу високи, а од скопскиот Аеродром можат на прсти да се избројат директните летови што се нудат до поголемите европски градови. Додека во Македонија на овој план нема промени, во соседните земји по визната либерализација граѓаните почнаа да летаат за симболични суми.

Цените на авиобилетите ја прават Македонија недостапна за странските туристи, велат туристичките работници. Еден авиобилет чини неколку стотини евра.Туристичките агенти се жалат дека дирекни редовни летови нема ни до поголеми европски градови, па туристите треба да патуваат многу часови со автобус. Од тие причини туристичките агенции во пресрет на летната сезона, не се надеваат дека ќе биде подобра од минатата. Граѓаните се жалат дека високите цена на авиолетовите е една од причините зошто не патуваат на далечни дестинации.
Никогаш во живот со авион не сум патувал, затоа што не се достапни. Катастрофа, десет пати се поскапи од што треба.


„Никогаш во живот со авион не сум патувал, затоа што не се достапни. Катастрофа, десет пати се поскапи од што треба.“

„Скапи се и народот нема пари за тоа.“

Потпретседателот на туристичките комори, Алескандар Чоневски вели дека високите цените на авиобилетите се голем проблем во формирањето на конкурентна цена на туристичка понуда.

„За Агенциите е навистина голем проблем тоа што цените се навистина високи бидејќи едноставно неможеме со нашиот пакет
За Агенциите е навистина голем проблем тоа што цените се навистина високи бидејќи едноставно неможеме со нашиот пакет аранжман што го нудиме по саемите да бидеме конкурентни со земјите околу нас. Заработувачката воопшто не е голема за самите авиобилети.
аранжман што го нудиме по саемите да бидеме конкурентни со земјите околу нас. Заработувачката воопшто не е голема за самите авиобилети.“

Туристичките агенции за велигденските празници нудеа пакети со чартер летови за Барселона во вредност од 400 евра, за Дубаи во вредност од 600 евра, но на дното понудата е наведено дека во цената не е вклучена аеродромскта такса која ќе ги чини патниците дополнителни 100-тина евра. Експертите велат дека причината за скапите авиобилети кои се продаваат во Македонија се малкуте патници и скапото гориво. Неодамна Игор Атанасовски, директор на една авиокомпанија, за Радио Слободна Европа изјави дека Македонија не може да се споредува со другите европски градови од неколку причини.

„Франкфуртскиот аеродром каде што има фрекфенција, каде што на секоја минута слетува авион и само ако сакате да патувате некаде од Франкфурт имате линија, значи фрекфенцијата на летање е многу голема и нормално е дека таму цените на горивото и на аеродромските такси ќе бидат ниски, во Македонија бројот на летови може на прсти да се избројат и неможеме да зборуваме за евтините компании.“

Во соседните земји цените на авио билетите се намалени. На пример од Белград до Виена за 60 евра или до Минхен за 90 евра со вклучени аеродромски такси во цената на билетот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG