Достапни линкови

Седница на Комитетот за меѓуетнички односи


Зградата на Собранието на РМ
Зградата на Собранието на РМ

Врз компромисна основа, без материјали и со воопштен наслов на темата на дневен ред „Случувања во сферата на образованието и нивното влијание врз меѓуетничките односи“, денеска заседава Комитетот за односи меѓу заедниците. Дел од пратениците во ова препознаваат тактика за избегнување на повторна евентуална блокада на Комитетот.

Откако претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците употреби стратегија за да ја одблокира работата на ова тело закажувајќи нова седница со нова точка на дневниот ред, за денеска најавено навраќање кон претходните. Членовите на комитетот денеска ќе одржат една од проблематичните, осмата седница, со тема случувањата во сферата на образованието и нивното влијание врз меѓуетничките односи. Меѓутоа наместо дискусијата за македонскиот јазик за првачињата Албанци и двојната евиденција во
Значи станува збор за обид на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците и воопшто обид на владеачкото мнозинство и на сите пратеници, да се избегне блокадата на Комитетот за односи помеѓу заедниците и ако ве интересира, тоа е навраќање на истата точка меѓутоа на сосема различен начин.
училиштата денеска темата е повторно поставена на компромисни основи, без материјали и начелно за проблемите во образованието.

„Значи станува збор за обид на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците и воопшто обид на владеачкото мнозинство и на сите пратеници, да се избегне блокадата на Комитетот за односи помеѓу заедниците и ако ве интересира, тоа е навраќање на истата точка меѓутоа на сосема различен начин“, вели Иван Стоиљковиќ, претставник на српската заедница во Комитетот.

Неприсуството на малите заедници, како што образложуваа од ВМРО-ДПМНЕ, односно на претставниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како што изјавуваше претседателот на Комитетот, претходно ја блокираше работата на ова тело. Причина според претседалот беа поставените жешки теми како што беа проблемите во образованието на децата Албанци или проектот „Скопје 2014“. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Стефановски вели дека ќе присуствува на денешната седница и дека на оваа како на и другите теми особено горливите им е местото токму во Комитетот.

„Ние сме на викнати и за многу „пожешки“ теми да разговараме, така што мислам дека нема да има проблеми во текот на денешната седница.“
Не можеме да кажеме дека е одблокирана работата на Комитетот, туку договорно одблокирана, во зависност од темите за кои ќе се одлучат од владеачкото мнозинство.

Членовите на Нова демократија велат дека комитетот е само договорно деблокиран и дека на овој начин тој ја губи својата уставна функција.

,,Не можеме да кажеме дека е одблокирана работата на Комитетот, туку договорно одблокирана, во зависност од темите за кои ќе се одлучат од владеачкото мнозинство, значи има таен договор помеѓу нив да се дискутираат од време на време некои теми за да изгледа дека нема блокада на Комитетот. Реалноста е дека Комитетот веќе ја губи својата сила и својата уставна надлежност“, изјави Бесим Догани од оваа партија.

Дискутирањето околу проблемита откако тие ќе почнат да се реализираат во пракса според него е една од причините зошто комитетот ја губи смислата. Претходно, наместо веќе отпочнатите, претседателот Џевад Адеми ја закажа десеттата седница како начин да обезбеди кворум за работа на која на дневен ред беше поставен извештајот на народниот правобранител за правична застапеност во институциите.
XS
SM
MD
LG