Достапни линкови

Бавна децентрализација


Помали буџети, бавно префрлување на надлежностите од централната на локалните власти и немање детални урбанистички планови се едни од најголемите проблеми со кои се соочуваат градоначалниците на истекот на првата година од нивните мандати.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој доаѓа од редовите на СДСМ, вели дека градоначалниците од опозицијата се ставаат во нерамноправна положба со нивните колеги од владејачката партија.
Нивниот личен контакт со сите министри, со владата, даваат плод во однос на капиталните инвестиции што владата ги прави во нивните општини со што се прави дискриминација во однос на другите општини и нерамномерен развој во Македонија.


„Нивниот личен контакт со сите министри, со Владата, даваат плод во однос на капиталните инвестиции што владата ги прави во нивните општини, со што се прави дискриминација во однос на другите општини и нерамномерен развој во Македонија.“

Дамјановски смета дека ако продолжи ваквиот однос, тоа може да ја префли политичката борба од централно и на локално ниво, што може да ја забави децентрализацијата.

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, кој доаѓа од истата партија, вели дека е очигледно дека некои градоначалници се форсираат од страна на Владата, но и од страна на градоначалникот на Скопје. Сепак, тој вели дека тоа се очекувани работи.
Прашањето дали власта ти е наклонета или не, е битна, но не и пресудна. Најбитно е дали некој го бива или не го бива. Дали некој знае да работи или не знае да работи. За нас е доволно само да не ни пречат, нивната помош не ни е неопходна. Можеме и самите да решаваме своите проблеми и проблемите на граѓаните.

„Прашањето дали власта ти е наклонета или не, е битна, но не и пресудна. Најбитно е дали некој го бива или не го бива. Дали некој знае да работи или не знае да работи. За нас е доволно само да не ни пречат, нивната помош не ни е неопходна. Можеме и самите да решаваме своите проблеми и проблемите на граѓаните.“

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко од ДУИ, пак, се жали на бавната децентрализација. На општината и се врзани разете во многу сегменти од работењето, се жали Мерко.

„Не располагаме со плажите. Потоа ресурсите како каменоломите, шумите, земјоделското земјиште, сето тоа прави проблеми и не можеме да бидеме поуспешни.“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека има одлична соработка со Владата. Тој вели дека во првата година од вториот негов мандат не може да се зборува за проблеми, туку за предизвици. Талески вели дека децентрализацијата е забавена најмногу поради тоа што некои од општините не може да си ги платат долговите.

„Ние побаравме во неколку наврати преку ЗЕЛС ако може тоа да се оддели, но не сакаме да биде на штета на било која друга општина во Република Македонија. Оттаму, ценам дека овој период, 2010 би требало да се изнајде начин да се решат проблемите со општините кои имаат долгови. Штом тоа се заврши мислам дека и процесот ќе се забрза.“

Вчера се одржа состанок на Советот на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалниците од оваа партија му реферираа за сработеното на партискиот претседател и премиер Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG