Достапни линкови

Груевски и Ахмети се сретнаа во Владата


Според експертите, со средбата во владата се избегнала јавноста поради чувствителноста на прашањето за кое се разговарало и нагласува дека кај ДУИ расте незадоволство поради немањето доволна политичка волја кај власта да се реши прашањето со името. Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдат дека станува збор за редовни консултации.

Неодамнешната средба на премиерот Груевски и неговиот грчки колега Папандреу во Брисел, како и позициите на владата за спорот со името биле центрлните теми за кои вчера разговараа премиерот Груевски и лидерот на ДУИ Ахмети во владата. Во ВМРО ДПМНЕ
Поради немањето доволна политичка волја кај власта да се реши проблемот со името, така што тие перманентно губат од рејтингот. Тие преговори вчера јас ги гледам во склоп на сигурноста на ДУИ дали конечно премиерот има сериозна волја да го реши проблемот со името.
велат дека станува збор за редовна средба.

Аналитичарот Мерслел Биљали смета дека со средбата во владата се избегнала јавноста поради чувствителноста на прашањето за кое се разговарало и нагласува дека кај ДУИ расте незадоволство поради немањето доволна политичка волја кај власта да се реши прашањето со името.

„Поради немањето доволна политичка волја кај власта да се реши проблемот со името, така што тие перманентно губат од рејтингот. Тие преговори вчера јас ги гледам во склоп на сигурноста на ДУИ дали конечно премиерот има сериозна волја да го реши проблемот со името.“

ДУИ го повторува ставот дека овој проблем треба да се реши за време на шпанското претседателство со ЕУ и остануваат на познатите ставови дека Албанците треба да бидат дел од решените за името.

„Тоа е сосема во ред, треба да бидат дел од тоа решение. А, оние услови кои се поставуваат, јас би сакал утре да се реши проблемот со името, зашто очигледно не оптоварува, од друга страна, за решение требаат двајца. Ако Грција продолжи со ставот дека еве ги нашите црвени линии – толку, тогаш ние немаме преговори, имаме ултиматум“, изјави политикологот Владимир Божиновски.
Главен проблем е проблемот со Грција, иако и двете други прашања кои се изгледа по малку оставени на страна. Изгледа дека централен проблем е проблемот со името и проблемот на процесот на евро интегрирање на Република Македонија.


Инаку на вчерашните разговори било разговарано и за отворените прашања во владината коалиција како Скопје 2014, македонскиот јазик и педагошката евиденција. Според ДУИ, Ахмети вчера очекувал да се изјасни дали се прифатливи нивните предлзи за споменици на истакнати Алабнци на плоштадот Македоднија. Некои гледишта опстанокот на коалицијата го доведуваат во прашање, во зависност и од овие решениија, но според Биљали, централна тема е дали до јуни ке се реши отворениот спор со Грција:

„Главен проблем е проблемот со Грција, иако и двете други прашања кои се изгледа по малку оставени на страна. Изгледа дека централен проблем е проблемот со името и проблемот на процесот на евро интегрирање на Република Македонија.“

рече Биљали.

„Јас најмногу ја перцепирам економијата како услов, за продолжува на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Секогаш кога има економска криза секогаш има и потензична политичка атмосфера“, изјави политикологот Владимир Божиновски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG