Достапни линкови

Македонските каратисти нижат успеси


Каратисти
Каратисти

Македонските каратисти и во 2010-та година продолжуваат со успешните настапи на меѓународна сцена. Претставниците на двата најдобри клуба, Макпетрол и Металург на вториот годинашен турнир од Европската златна лига, во Ротердам, освоија 6 медали, од кои пет сребрени и еден бронзен

Македонските каратисти и во 2010-та година продолжуваат со успешните настапи на меѓународна сцена. Претставниците на двата наши најдобри клуба, Макпетрол и Металург изминатиот викенд на вториот годинашен турнир од Европската златна лига, во Ротердам, освоија 6 медали, од кои пет сребрени и еден бронзен. Во конкуренција на околу 600 натпреварувачи, со вицешампионските трофеи се
Не очекувавме волку голем број на награди да земеме, иако имаме подготвена селекција, која континуирано постигнува успеси на големи натпревари
закитија Иво Цветковски, Огнен Груевски, Жарко Арсовски, Мери Радичевска и женскиот ката тим на Металург, додека за бронзата се избори најдобрата македонска спортистка во минатата година, Наташа Илиевска. Овие резултати на еден од најсилните турнири, уште еднаш потврдија дека македонското карате е во врвот во светски рамки, иако селекторот Бошко Заборски не крие дека е изненаден од постигнатото во Холандија.

„Не очекувавме волку голем број на награди да земеме, иако имаме подготвена селекција, која континуирано постигнува успеси на големи натпревари. На ова натпреварување имаше 39 држави, конкуренцијата беше на многу високо ниво и на пример во категоријата ,,минус 75" килограми имаше дури 81 натпреварувач. За да влезете во финале треба да имате шест последователни борби, седмата ви е финална борба. Вака голема конкуренција има само на светските големи натпревари и затоа велам дека ова е голем успех на македонската репрезентација.“
Ние успеавме да создадеме шест или седум, веќе ги нарекуваме, супербрендови на македонското карате бидејќи се носители на европски и светски медали


Заборски очекува жетвата на трофеи да продолжи и наредниот месец на турнирот во Милано, исто така во рамките на Европската златна лига. По претходно постигнатото, сега таму ќе се оди со поголеми амбиции, но она што е најзначајно за селекторот е што имаме група каратисти кои се докажани и вон нашите граници. Тоа, покрај на подготвителните турнири, треба да ни донесе позитивни резултати и на најзначајниот настан годинава, Европското првенство, кое во првата половина на мај ќе се одржи во Грција.

„Ние успеавме да создадеме шест или седум, веќе ги нарекуваме, супербрендови на македонското карате бидејќи се носители на европски и светски медали и тоа повеќекратни освојувачи на вакви медали и се надеваме во Атина на Европското Првенство ќе имаме добри пласмани или дека неколку од нив ќе влезат во борба за медал.“

додаде тренерот и на Макпетрол, кој на дополнителното прашање со кое постигнување на собирот на најдобрите на Стариот континент ќе биде задоволен, одговори:

„Да освоиме еден медал, со тоа ќе бидеме презадоволни, ако успееме да освоиме како во 2007 година во Братислава, два медали, тоа значи дека сме се надминале комплетно. Исто така успех е и да се пласираш меѓу првите пет во Европа и тоа е голем успех. Од петто место и освојување на некој од медалите, тоа за нас, за Македонија е голем успех.“
XS
SM
MD
LG