Достапни линкови

Упевче, еден од ретките стручњаци за заштита на мозаици


Внатрешноста на црквата Св. Софија во Охрид
Внатрешноста на црквата Св. Софија во Охрид

Никола Упевче е млад ликовен уметник од Охрид, кому на срце му лежи изработката и козервацијата на мозаиците, еден од ретките стручњаци за заштита на овие старини, со кои изобилува Охридскиот регион. Упевче минативе осум години ги посвети на заштита на мозаиците од богатата ризница на археолошкото наоѓалиште на Плаошник

Никола Упевче е млад ликовен уметник од Охрид, кому на срце му лежи изработката и козервацијата на мозаиците, еден од ретките стручњаци за заштита на овие старини, со кои изобилува Охридскиот регион. Упевче минативе осум години ги посвети на заштита на мозаиците од богатата ризница на археолошкото наоѓалиште на Плаошник во Охрид. На просторот околу возобновената црква Свети Климент и Свети Пантелејмон, меѓу остатоците на различни културни и цивилизациски слоеви од различни епохи се и повеќе од 1.500 метри квадрати мозаична површина од стар датум, што сега и се достапни на јавноста.
Многу важно е да се интервенира кога се ископува, многу поголем труд и маки би трабало да се употреби за да се зачува еден фрагмент, многу не успорува да направиме разни реконструкции да го доближиме ликот на секој фрагмент за да ја добиеме целината, затоа и не случајно овие мозаици се викаат вечни слики и во историјата се познати како едни од најтрајните техники за изработка на слика


„Многу важно е да се интервенира кога се ископува, многу поголем труд и маки би трабало да се употреби за да се зачува еден фрагмент, многу не успорува да направиме разни реконструкции да го доближиме ликот на секој фрагмент за да ја добиеме целината, затоа и не случајно овие мозаици се викаат вечни слики и во историјата се познати како едни од најтрајните техники за изработка на слика“, вели Упевче за важноста на реставраторско-конзерваторската работа.

Вредните раце на овој уметник изминатиов период ја реставрираа подлогата на ѓакониконот од мозаичниот под од ранохристијанска базилика од Струшкото село Октиси.

„Применивме технологија која ја усовршив во атељето за реставрација на антички мозаици во Јужна Франција, се работи на поставување на мозаик на подвижен носач што подоцна би можел да се искористи за презентација и на овој вид на културно наследство пред пошироката публика кога се организираат разни изложби во Репубиликата, а и странство.“

Упевче ни ја открива тајната на неговата опседнатост со мозаиците.

„Првиот мозаик го изработив 1998 година на Факултетот за Ликовна уметност и видов дека тоа ми лежи и дека го имам како чувство, како начин за аранжирање на разни материјали, а тоа е всушност главно во еден мозаик.“

31 годишниот Никола Упевче од Охрид го наследи уметничкиот талент од неговиот татко, познатиот сликар Славко Упевче, а конзерваторскиот занает го печеше и во странство на студиски престои и стручни собири, низ што ја презентира и афирмира Македонија во светот. Тој искрено верува дека на нашата млада држава и се неопходни истрајни професионалци што ќе ја издигнат на нозе и ќе го зацврстуваат нејзиниот идентит, за што свој придонес Упевче дава со заштита од забот на времето на автентичните стари македонски мозаици, како вистински репрезент на реткото и вредно културно наследство на овие простори.
XS
SM
MD
LG