Достапни линкови

Обвинувања наместо решенија


Од последниот протест на стечајците пред Владата
Од последниот протест на стечајците пред Владата

Власта и опозицијата продолжуваат со расправата за тоа кој е виновен за лошо спроведената транзиција, приватизацијата, невработеноста, сиромаштијата... Според експертите тоа е успешен ,,трик" за да се одвлече вниманието на јавноста од реалните проблеми, а една од можните причини се и се почесто споменуваните избори.

Откако не застана само на неколку продолженија расправата што ја водат власта и опозицијата на тема кој е виновен за лошо спроведената транзиција, приватизација, невработеност, сиромаштија, сосема логично премина во исцрпувачко барање виновник за отпочнувањето на ваквиот стил на комуникација. Кој го иницираше ваквото спуштање на нивото на меѓусебниот дијалог? Сега поважно од одговорот на ова прашање е целта на која би можела да им послужи ваквата комуникација.
Тоа е така евтино, но за жал успешна ,,финта" на секој што е на власт, место да се обрнува вниманието на реалните проблеми, дури некој е на власт се посочува на проблемите кои што претходно постоеле за да се пренасочи вниманието


„Тоа е така евтино, но за жал успешна „финта“ на секој што е на власт, место да се обрнува вниманието на реалните проблеми, дури некој е на власт се посочува на проблемите кои што претходно постоеле за да се пренасочи вниманието“, изјави полииткологот Здравко Савевски.

Зошто токму сега расправата се преместува на овој евтин терен може само да се насетува. Во овој момент е полесна околност една од можните причини - мирисот на избори којшто доаѓа од сите политички табори, а чија кампања не е тешко да се претпостави дека повторно би се одработувала на туѓите грешки наместо на сопствените концепти.
За аналитичарот Хисен Рамадани сепак потешка е втората причина која според него лежи во основата на серијата препукувања на релација власт-опозиција. Безизлезноста во економска и во политичка смисла за која и власта, но и оние кои би се бореле да ја преземат немаат решение:
И овие од опозицијата од македонскиот блок, едноставно немаат концепт што ќе направат


„Имаме една состојба на тотално економско фијаско на политиката која што сакаше да покаже дека ќе направи Преродба. И овие од опозицијата од македонскиот блок, едноставно немаат концепт што ќе направат, дури имам впечаток за острината на критиката некогаш кога ги гледам, дека повеќе им се плашат, што би им се случило ако ја добијат власта.“

На гласачите е додават експертите, да ја препознаат пораката и согласно демократската логика да очекуваат аргументи, а не нивна трансформација во обвинувања и едноставни делегитимизирања на противникот. Од друга страна, просторот за отварање на минатото го оставаат неоправдано и власта и опозицијата, вели Савевски. Опозицијата треба радикално да расчисти и јавно да ги признае грешките од периодот на приватизацијата за да ја врати довербата на граѓаните. Актуелната власт пак доволно долго го држи кормилото во свои раце за да ги нуди грешките од минатото како аргумент сам по себе и тоа токму во време кога и се отвораат актуелни прашања за коишто треба да понуди решение.
XS
SM
MD
LG