Достапни линкови

Грузија во вжештена политичка атмосфера


Продолжуваат контроверзите околу лажниот телевизиски извештај за руската инвазија врз Грузија. Соочен со големи критики претседателот Михаел Саакашвили ја смени првичната оценка со која застана во одбрана на извештајот.

Најпрвин грузискиот претседател Михаел Саакашвили изјави дека емитуваниот лажен извештај всушност ја отсликува вистинската закана која доаѓа од Москва. Но ден потоа тој изјави дека извештајот е штетен за грузиското општество. Извештајот беше емитуван во саботата на провладината телевизија Имеди и во него е прикажано како руски тенкови влегле во Грузија и се движеле кон Тбилиси. Исто така е соопштено дека претседателот Саакашвили бил убиен и оти некои опозициони лидери, меѓу нив и поранешната претседателка на парламентот Нино Бурјанадѕе, ја предале земјата и застанале на страната на Москва.
Georgian TV Program Sparks Panic
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:02 0:00
Директен линк
Тоа предизвика паника во Грузија која се уште е под стрес од руската инвазија пред две години. Чувствувајќи го јавниот бес поради измамата, многумина владини претставници остро го осудија извештајот, но тоа не го стори и претседателот Саакашвили. Со зборовите дека тоа требаше да се стори поинаку, тој изјави:

„Но, главната непријатна работа во извештајот и сакам тоа да го разберат сите, е тоа што е многу блиску до реалната ситуација, до она што навистина може да се случи и за она што нашите непријатели го имаат во нивните глави.“
Погрешно е да се прават такви емисии во таква форма и содржина која го плаши и шокира нашиот народ, но и странските инвеститори кои ни се толку потребни.

Тој уште еднаш ја обвини опозицијата, чии претставници неодамна ја посетија Москва и побараа подобри односи со Русија. Но вчера, Саакшвили се повлече. Во пишана изјава, објавена на претседателскиот вебсајт, наведува дека и покрај агресивните планови против Грузија, условите во земјата и меѓународната заедница, не дозволуваат остварување на плановите за окупирање на земјата. Тој бара и повисоки новинарски стандарди за да се избегнат вакви инциденти во иднина.

Како и да е, извештајот и особено првичната реакција на Саакшвили го покренаа прашањето колку самиот претседател или неговите соработници однапред знаеле за него. Сомневањата се проширија откако на интеренет беше објавен снимка на телефонски разговор во кој директорот на телевизијата Имеди бара од продуцентот, извештајот да изгледа како вистински вести. За приватната телевизија Имеди се смета дека е многу блиска со владата на Саакшвили. За време на антивладините протести во 2007 година, таа беше опозициска станица, но веднаш потоа, под неразјаснети околности го смени газдата, а за директор беше наименуван Гиорги Авердлаѕе, кој порано беше шеф на кабинетот на Саакшвили.
Претседателот Саакашвили

До извештајот дојде во време кога се вжештува политичката атмосфера во Грузија. Во мај се закажани локални избори за кои се смета дека се важни за одредувањето на тоа кој на изборите во 2013 година ќе го наследи Саакшвили на местото шеф на државата. Но, телевизискиот извештај предизвика поделби и во самата владејачка елита.

„Погрешно е да се прават такви емисии во таква форма и содржина која го плаши и шокира нашиот народ, но и странските инвеститори кои ни се толку потребни“, вели претседателот на парламентот Давид Бакраѕе, инаку близок соработник на претседателот Саакшвили.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG