Достапни линкови

Мал интерес за земјоделски субвенции


Во подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Куманово велат дека годинава е помал интересот меѓу земјоделците за добивање субвенции. Земјоделеците се жалат на потребната огромна документација и кусиот рок за пријавување.

Земјоделските производители од поширокиот кумановски регион, во однос на минатата година, сега се помалку заинтересирани за поднесување пријави за добивање субвенции, велат во подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Куманово.

„Мора да поднесеме да земеме некој денар. Не знам колку тие ќе пресметаат. Чувам три крави во Старо Нагоричане, ама не сме задоволни. Нема храна, само јас работам, жената и едното дете не работат, а едното дете е на факултет“
Мора да поднесеме да земеме некој денар. Не знам колку тие ќе пресметаат. Чувам три крави во Старо Нагоричино, ама не сме задоволни.
, вели еден од земјоделците.

Скендер Алии од одделението на министерството за земјоделство објаснува дека годинава, иако рокот за пријавување завршува наскоро, пријави поднеле околу илјада и 200 земјодлеци за субвенции за произведено и продадено млеко во последните три месеци од минатата година. Висината на субвенциите е 2, 5 денари по литар, за што треба да приложат и документ од млекарницата на која го предале млекото.

„За разлика од минатата година, оваа година бројот е намален. Минатата година имавме до илјада и 600 пријави. Земјоделците се информирани на огласните табли.“

Алии вели дека освен субвенции за сточарите, финансиска поддршка е предвидена и за овоштарите, односно за јаболковите насади.
За разлика од минатата година, оваа година бројот е намален. Минатата година имавме до илјада и 600 пријави.

„Ќе се субвенционираат и јаболкови насади стари од 4 до 15 години.“

Тој додава дека нема да бидат земени предвид пријавите на земјоделските производители кои не го подмириле долгот и обврските за користење државно земјоделско земјиште или пак добиле трактор од јапонска донација, како и доколку немаат потврда за користење ветеринарани здравствени услуги на добитокот. А земјоделците кои годинава не се заинтересирани за субвенциите велат дека е долга процедурата за обезбедување документации, дека многу време им поминува пред вратите на администрацијата, а сумата што ќе ја добијат не ги задоволува нивните потреби. За некои пак и рокот за подготвување и поднесување пријави бил многу кус.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG