Достапни линкови

Стејт Департмент - Македонија 2009


САД - Стејт Департмент
САД - Стејт Департмент

Одложени реформи во Судството. Загриженост за владина подршка за изградба на верски храм на плоштадот во Скопје. Лоши услови и корупција во затворите. Етнички тензии со влијание врз образованието, вработувањето...и добри Претседателски и локални избори. Ова се дел од оценките на Стејт Департментот за човековите права во Македонија во 2009

Во извештајот на американскиот Стејт Депертмент за човековите права во Македонија во 2009 издаден денеска се наведува дека Претседателските и Локалните избори одржани на 22 март и 5 април , биле согласно меѓународните стандарди, како што оцени Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Цивилните власти , според извештајот на Стејт Депертментот, обично имаат ефикасна контрола врз безбедносните сили.

Сепак се наведува дека има извештаи за злопутреби од страна на службениците за спроведување на законот и употреба на сила од затворските службеници врз притворениците и затворениците и дека властите соодветно не ги испитувале таквите тврдења. Затворите се преполни и условите беа оценети како нечовечки и деградирачки. Во извештајот се наведува дека набљудувачите известиле за распространета корупција меѓу затворскиот персонал.

Во делот на Судството се наведува дека спроведување на реформите продолжува да се одлага. Се наведува дека политичкиот притисок и заплашувањето ја спречува ефикасноста на судството.

Во извештајот на Стејт Департментот за човекови права во Македонија во 2009 се наведува и дека разликите околу владина поддршка за изградба на Православна црква на главниот плоштад во Скопје придонесе за меѓуетничките тензии и покрена прашања за вмешаност на владата во верски работи. Се нотира дека недостатокот на ефективна заштита на демонстрантите од страна на полицијата ја подигна загриженоста за слободата на здружување. Се наведува и дека тензиите меѓу етничките Македонци и етничките Албанци население продолжија да влијаат во области како образованието, вработувањето, и политичката партиципација. Потоа се наведува дека имаше извештаи на дискриминацијата против лицата со посебни потреби и Ромите.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG