Достапни линкови

Хрватска пред ново одлагање кон ЕУ?


По словенечката блокада, Хрватска, според пишувањата на некои медиуми, најверојатно би можела да се најде пред ново одлагање на нејзиниот влез во Европската унија. Овој пат како пречка се наведуваат нерешените гранични прашања со Србија.

Во изминативе два месеца Хрватска и упати две покани на Србија за продолжување на преговорите за границата. Според најновите информации, деновиве од Белград пристигнал позитивен одговор.

„Преговорите ќе се одвиваат преку работата на меѓудржавна дипломатска комисија. Најважна задача ќе биде размената на документација за утврдување на граничната линија.“

Вели Берислав Живковиќ од хрватското министерство за надворешни работи и европски интеграции. Поранешниот шеф на хрватската дипломатија Мате Граниќ не верува дека граничните проблеми со Србија би можело да бидат пречка за хрватското влегување во Унијата.

„Ако двете држави преговараат со добра верба за одредување на граничната линија, а и едната и другата изјавија дека немат територијални барања, тогаш, доколу не можат да го решат проблемот, постои и Меѓународен суд на правдата или ад хок арбитража.“
Тие гранични проблеми се исклучително сериозни и доколку е точна медиумската најава дека можат да го забават хрватскиот пат кон Европската унија не гледам кога Хрватска воопшто ќе влезе во Унијата. Па, со Словенија со која имаме подобри односи, работите не можат де се решат веќе дваесет години...

Според Граниќ, најважно е да почнат преговорите. На ист став е и професорот за европски интеграции на Факултетот за политички науки Дамир Грубиша, наведувајќи дека Унијата слично постапила и при приемот на Словенија која во тоа време имала отоворено гранични преговори со Хрватска.

„Значи по таа логика, потребно е да се покаже дека дијалог постои, а во таа насока ќе помогне и средбата на премиерката Косор со словенечкиот премиер Пахор и со српскиот претседател Тадиќ.“

Најспорно, според Граниќ, е тоа што на левиот брег на Дрина, Хрватска има околу единаесет ипол илјади хектари земјиште, а Србија на десниот брег околу 900 хектари.

„Хрватскиот претседател Туѓман договори со српскиот претседател Милошевиќ и со генерал Клајн привремената граница да оди по средината на Дунав. Но тое е привремено решение, договорено од стратегиски причини.“

Вели Граниќ. Токму тоа, како и можните гранични проблеми со Босна и Херцеговина, според добрите познавачи на состојбите, би можело да биде една од натамошните пречки на Хрватска.

„Тие гранични проблеми се исклучително сериозни и доколку е точна медиумската најава дека можат да го забават хрватскиот пат кон Европската унија не гледам кога Хрватска воопшто ќе влезе во Унијата. Па, со Словенија со која имаме подобри односи, работите не можат де се решат веќе дваесет години.“

Оценува новинарот Борис Павелиќ. Ниту поранешниот министер за надворешни работи Тонино Пицула не е оптимист што се однесува до хрватското влегување во Европската унија, барем не до 2012 година како што вети владата. Но, според него, причина не е границата со Србија, туку внатрешните проблеми во самата Унија, како и неспособноста на владата да ги спроведе реформите.

„И мислам дека всушност оправдувањето за неуспехот да го исполни ветеното, хрватската влада ќе го бара на разни страни, од неподготвеноста на соседите да преговараат, до други алиби изговори.“

Вели Пицула, додавајќи дека што се однесува до перспективите на хрватското членство во Унијата, 2010 година ќе биде многу неизвесна.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG