Достапни линкови

Тенисерите викендов против Босна и Херцеговина


По испаѓањето од првата Евро – Африканска група, Македонија ги продолжува натпреварите во Девис Купот. Следен противник е Босна и Херцеговина. Мечевите ќе се играат викендов во Велес, а целта е победа и обезбедување опстанок во натпреварувањето.

По петмесечна пауза, македонската тениска репрезентација претстојниот викенд ќе продолжи со настапите во Девис купот. Но, за разлика од претходните три години, кога бевме дел од Првата Евро - Африканска зона, сега ќе се натпреваруваме еден ранг подолу. Тоа е резултат на ланската серија порази во Јужна Африка, Белорусија и Словачка, која ќе се обидеме да ја прекинеме во Велес, каде што од
Нормално, во спортот после успесите да има и неуспеси. Тоа го прифаќаме нормално и со добро расположение влегуваме во Новата година каде што главната цел треба да биде опстанок. БИХ не е наивен противник, можеби не толку атрактивен, но во своите редови има солидни играчи, така што, еден тежок противник
петок до недела, ќе се сретнеме со Босна и Херцеговина. Квалитетен но добредојден противник за заборавање на проблематичната сезона која е прифатена како составен дел од спортот.

„Нормално, во спортот после успесите да има и неуспеси. Тоа го прифаќаме нормално и со добро расположение влегуваме во Новата година каде што главната цел треба да биде опстанок. БИХ не е наивен противник, можеби не толку атрактивен, но во своите редови има солидни играчи, така што, еден тежок противник“, изјави селекторот Дејан Маринковиќ.

Тој е оптимист пред дуелот со Босанците, но не прифаќа фаворитска улога. Напротив, смета дека подобро рангираните противничките тенисери во моментов се и во подобра форма, а наш адут е искуството, земјениот терен и секако поддршката од трибините. Респект за противникот има и нашиот прв рекет Предраг Русевски, кој сепак, размислува само за победа бидејќи во спротивно, неизвесен ќе е опстанокот и во оваа конкуренција.

„БИХ не е за потценување, има доста квалитетни играчи, кои настапуваат на турнири цела зима. Максимално сериозно го сфатија овој меч, максимално се мотивирани, како и ние и тука ја гледаат нивната шанса за успех. Но, добро ги познавам нивните играчи, имам позитивен скор со нив, ќе видиме дали тоа ќе го искористам во Велес, но големи се шансите Македонија да победи уште во првиот меч, затоа што после е се потешко играме на гостински терен.“

рече повратникот во националниот тим, кој заедно со Димитар Грабуловски, е во предност за настап против Босна и Херцеговина, иако во комбинација се и Лазар Магдинчев и Шендрит Деари. Од друга страна, гостинскиот селектор Давор Враниќ во Македонија допатува со Алдин Шеткиќ, Исмар Горчиќ, Мирза Башиќ и Дамир Џумхур. За вкупен триумф во велешката сала „Гемиџии“, потребни се победи во три од петте дуела а подобриот налето ќе продолжи со битката за влез во Првата Евро - Африканска зона. Поразениот пак, ќе има уште една шанса за спас од преселба во понизок ранг на натпреварување.
XS
SM
MD
LG