Достапни линкови

Дневен печат – Нимиц во Скопје, поплави и одрони


Посетата на Метју Нимиц на Скопје по седум месеци и поплавите и одроните на земјиштето, главно се темите што доминираа во нашите медиуми од минатиот четврток до денес.

,,Времето се мери со денови и главно прашање за кое се преговара е името на државата,, јавува ,,Утрински,, по посетата на Нимиц. ,,Посредникот во спорот за името е задоволен од сериозноста и конструктивноста на македонскиот политички и државен врв, пишува ,,Дневник,, а ,,Нова Македонија,, ја издвојува пораката на Нимиц дека спорот не може да се реши со некаква волшебна формула, ако двете страни не покажат политичка акција за решавање на сложениот проблем. ,,Има план-нема план, има предлог-нема предлог, пишува ,,Утрински,, по изјавата на европарламентарецот Шацимаркакис дека за време на средбата со пратениците од Европскиот парламент, премиерот Груевски изјавил дека имал конкретен предлог за името, но, премиерот го демантираше тоа. За истава случка пишуваат и ,,Дневник,, и ,,Време,, а истиот весник јавува дека грчките европратеници биле навредени од нивниот колега од ВМРО-ДПМНЕ Петар Поп-Арсов кој на средбата со делегацијата на Европарламентот изјавил дека ЕУ не треба да и' помага на Грција во сегашнава економска криза, поради што не дошле на официјалната вечера што ја приредило Собранието на Македонија.

„Поплавена политика“

,,Утрински,, посветува едиторијал на состојбите поради поплавите со наслов ,, Поплавена политика,, прашувајќи ,,дали мајката природа се поигрува со Македонија или власта ги покажува својата немоќ и незнаење да се справи со природните непогоди што зафатија различни делови од земјата,,. ,,Сите и никој се виновни за поплавите,, и ,,Политиката ќе ги удави Охрид и Битола,, пишува ,,Нова Македонија,, поради препукувањата помеѓу власта и опозицијата дали е сериозна или не толку состојбата во Охрид и Струшко со покачениот водостој на Езерото. ,,Време,, забележува дека штетите ,поплавија, милиони евра,. Од друга страна, ,,Утрински,, ги коментира активностите на премиерот во последниве десетина дена кои се состојат од пуштање во промет на локални патишта, водоводни објекти и слично, дека личат на старите комунистички времиња и се прашува дали сепак не се подготвува за вонредни избори. ,,Вечер,, пак, за посетите на лидерот на опозицијата Црвенковски на кумановските стечајци пишува дека, цитирам ,,Убијците се враќаат на местото на злосторството!,, и дека Црвенковски имал решение само кога е во опозиција. Исто така на насловната ,,Вечер,, објавува дека ,,Македонија станува лидер во здравството,, со купувањето на опрема вредна 70 милиони евра, а ,,Дневник,, тврдењата на СДСМ дека медицинските апарати Владата ги набавува 60 до 100% поскапо отколку што е нивната пазарна цена.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG