Достапни линкови

Поплави поради излевањето на реката Треска


Поплавено училиште во селото Лисичане
Поплавено училиште во селото Лисичане

Жителите од селата Лисичане и Пласница се соочуваат со пополави поради излевањето на реката Треска. Жителите тврдат дека неисчистените речни канали се причина за оваа состојба. Се жалат дека трпат големи штети и стравуваат дека ќе им пропаднат земјоделските производи.

Обилните дождови и топењето на снегот како последица на високите температури се причина жителите на селата Лисичане и Пласница, од истоиметаната општина да се соочуваат повторно со големи комунални проблеми. Реката Треска се излева од своето корито, ги поплавува атарите на селата и под вода стави над 10 хектари земјоделско земјиште. Покритична е состојбата во село Лисичане каде
Реката не е воопшто чиста, сака многу коритито да се чисти, да е малку средено, излива целата вода надвор, школото „Мирче Ацев„ е целото под вода, земјоделството е исто така под вода
речиси е парализиран животот во селото. Водата влегува во дворот во основното училиште „Мирче Ацев„, па над 200 деца не можат да следат настава. Поплавено е селското игралиште, патот што го поврзува долниот со горниот дел од селото. Жителите вознемирени поради оваа состојба реагираат и се жалат:

„Реката не е воопшто чиста, сака многу коритито да се чисти, да е малку средено, излива целата вода надвор, школото „Мирче Ацев„ е целото под вода, земјоделството е исто така под вода.“

„Мостот е тука блиску, децата одат на школо преку мостот, водата е голема, деца мали имаме.“

велат Ерсол Љутвиоски и Реџеп Ганија, двајцата жители на селото Лисичане.
Луѓето тврдат дека неисчистените речни канали се причина за оваа состојба. Се жалат дека трпат големи штети и стравуваат дека не ќе можат да соберат ниту зрно од посевите, кои велат ќе им скапат по нивните. Со исклучок на печалбарските, сите други семејства својата егзистенција ја обезбедуваат од земјоделство.
Штетите се многу големи, огромни штети имаме. Немаме кај да се жалиме. Дојдоа од Министерството тука, нема штета, нема ова, нема она.. Тие си се правдаат по нивното, ние го бараме нашето


„Штетите се многу големи, огромни штети имаме. Немаме кај да се жалиме. Дојдоа од Министерството тука, нема штета, нема ова, нема она.. Тие си се правдаат по нивното, ние го бараме нашето.“

„Исклучиво идат партиите кога ќе дојде време за гласање пред избори, тогаш ветуваат се, се се прави, а кога ќе завршат изборите, никого никаде го нема.“

Реагираат Расим Фазлиоски од Лисичане и Мирсад Азизоски од соседното село Пласница. Жителите тврдат дека оваа состојба се повторува секоја пролет и есен, но годинава е критично зашто снегот се топи од планините. Тие со лопати и мотики во рацете се обидуваат да направат пат за водата која што дивее низ селото.
Но, како што велат не знаат што ќе прават доколку продолжи и натаму да се топи снегот и ако најавите за престојните дождови се остварат. Жителите на овие две села се сериозно исплашени за својата егзистенција. Велат со труд и мака цел живот печалат по нивите, а сега целата заработувачка ќе појде по вода.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG