Достапни линкови

Mакедонскиот државен врв пред средбата со Нимиц


Македонскиот државен врв
Македонскиот државен врв

Денеска попладне државниот врв ќе одржи координација во кабинетот на претседателот Иванов пред утрешното пристигнување на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц. Претседателот Иванов, Премиерот Груевски, Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и вицепремиерот Абдулхаким Адеми ќе разговараат за очекувањата од средбата и ќе ги усогласуваат позициите, со цел организиран и заеднички настап на утрешната средба со Нимиц, велат од кабинетот на претседателот.

Днеска попладне државниот врв ќе одржи координација во кабинетот на претседателот Иванов пред утрешното пристигнување на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц. Претседателот Иванов, Премиерот Груевски, Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и и вицепремиерот Абдулхаким Адеми ќе разговараат за очекувањата од средбата и ќе ги усогласуваат позициите со цел организиран и заеднички настап на утрешната средба со Нимиц, велат од кабинетот на претседателот. Лидерска средба како што образложи вчера премиерот нема да има пред да постојат некакви конкретни идеи од медијаторот.
Минатата недела европските гости во Македонија, еврокомесарот за пропширувањето Штафан Филе и европарламенатците, порачаа дека политички консензус на главните политички актери во земјата во овој важен момент е неопходен.
Во Република Македонија се зборува со два јазика - едниот на опозицијата, другиот на власта ...


„Досега, за жал, тоа не се случи и во Република Македонија се зборува со два јазика - едниот на опозицијата, другиот на власта. За жал, тоа е лош сигнал и е порака до нашиот јужен сосед дека во Република Македонија немаме заеднички став и дека тешко можеме да дојдеме до таков став“

Изјави Имер Селмани од Нова демократија. Најголемата опозициона партија е на ставот дека единсвен услов да се одржи лидерска средба и таа да биде полезна е премиерот да истапи со конкретен предлог.

„Премиерот мора да понуди алтернатива на решенија. Не дури едно, туку неколку. Тогаш да ги повика сите, да се изгради консензуален заеднички став“
Премиерот мора да понуди алтернативни решенија и да ги повика сите да се изгради заеднички став ...


Изјави Заев. Според Ермира Ахмети од владината ДУИ, имајќи го предви моментот и предупредувањата од европските институции и фактори, сега се потребни многу поинтензивни консултации и во двата формата и на ниво на државен врв и н аниво на средби на лидерите на политичките партии. Според неа сепак многу поголем напор ќе биде потребно да се вложи токму на лидерските средби со цел да се постигне долго бараното единство по прашањето на името.

„Сметаме дека овие три месеци кои што веќе течат како дополнителен рок мора да се искористат во најдобар дух и за да се постигне таков добар, позитивен дух мора да се водат консултации со сите политички актери кои што ги претставуваат власта и опозицијата, етничките заедници“

Од канцеларијата на медијаторот Нимиц неколкупати беше изјавувано дека тој одржува консултации со двете страни одделно и дека ќе ги одржел средбите со нив тогаш кога сите учесници ќе веруваат дека таа средба би била корисна. Сепак, во државниот врв се до денеска остана незивенсо дали Нимиц утре доаѓа на редовна и вообичаена консултативна средба или со себе носи нов пакет идеи.
XS
SM
MD
LG