Достапни линкови

Решението на спорот за името е блиску?


Дипломатска куртоазија или реално приближување до решение за спорот за името со Грција? Домашните аналитичари со различни ставови околу тоа колку блиску се Македонија и Грција до решение на спорот.

Домашните аналитичари различно ги толкуваат зачестените пораки дека Македонија и Грција имаат политичка волја за н
И самата ЕУ нема морално право веќе и не ќе има можност да оправдува зошто Македонија не добива датум за преговори. Така што и внатрешно политичките односи наведуваат дека прашањето ќе мора да се реши. Јас мислам дека е многу блиску до решение.
админување на спорот. Професор Мерсел Биљали вели дека решението на спорот е „многу блиску“. Тој вели дека позицијата на Македонија сега е многу поповолна, поради финансиската криза кај јужниот сосед. Грција не е во позиција неограничено да гу условува нејзините европски партнери со Македонија, смета Биљали.

„И самата ЕУ нема морално право веќе и не ќе има можност да оправдува зошто Македонија не добива датум за преговори. Така што и внатрешно политичките односи наведуваат дека прашањето ќе мора да се реши. Јас мислам дека е многу блиску до решение.“

Од друга страна, американскиот сенатор Џорџ Војнович, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски рече дека спорот за името треба да се реши „релативно брзо“ токму поради финансиската криза во Грција која може дополнително да го усложни и одолговлечи решението.

„Јас и неколкумина други сенатори се сретнавме со премиерот Папандреу во Атина, веднаш откако тој беше избран. Тој ми посочи дека има искрена желба да се потруди и да работи на постигнување компромис за името, за Македонија да може да стане членка на НАТО и на ЕУ. Треба да се направат сите потребни напори што е
Тоа се чисти дипломатски куртоазии, нормално дека секој ќе рече дека е расположен за решение на спорот, но тоа не значи дека отстапува од своите позиции. Така што, не очекувам ништо, мислам дека сеуште сме многу далеку, дури и подалеку од што сме биле претходно
можно поскоро.“

Ден претходно и премерот Груевски порача дека Македонија сака да најде решение за спорот за името.

„Ние водиме разговори со јасна цел, да најдеме решение. И тоа ќе продолжиме да го правиме, имаме политичка волја, желба и наш интерес е да се најде решение, се разбира, водејќи сметка за другите државни интереси.“

Професор Јован Донев, пак, не го дели нивниот оптимизам. Тој вели дека решението на спорот за името сега е подалеку од порано.

„Тоа се чисти дипломатски куртоазии, нормално дека секој ќе рече дека е расположен за решение на спорот, но тоа не значи дека отстапува од своите позиции. Така што, не очекувам ништо, мислам дека сеуште сме многу далеку, дури и подалеку од што сме биле претходно.“

Решението на спорот за името се наметна како услов за прием на Македонија во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG